Мусаџали или Муса Чали (, Аетофилија; до 1926 г. Μουσατζιαλή, Мусаѕијали) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓало во југозападните разгранки на планината Шарлија, на 7 км југоисточно од градот Валовишта, на надморска височина од 760 м.
Историја Во XIX век Мусаџали било турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Муса Чали имало 200 Турци.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 222 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 131 лице.
Во 1927 година, името на селото било променето во Аетофолија (Αετοφωλιά), во превод „орлово гнездо“.
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на нивно место се населиле 13 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Поради немање поволни услови за живеење, доселеното население се иселило и населбата била избришана од евиденција во 1940 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика