Лика Стојанова Беровска, (Струга, 1885 - Струга, 1955) — македонска револуционерка која учествувала во Илинденското востание и во НОВ на Македонија.

Животопис лево|мини|191x191пкс|Изгледот на Илинденската споменица, чиј носител е Лика Беровска. Лика била учесник во Илинденското востание, а од 1941 година била дел од НОД. Во нејзиниот дом во Струга биле одржувани состаноци на незаконски дејци, биле собирани лекови и лекувани ранети борци. Била активен курир меѓу окупираниот и ослободениот дел во Западна Македонија во текот на НОБ. Успешно ја извршувала како курир меѓу окупираниот дел на Македонија и слободната територија во Западна Македонија. Носител е на Илинденска споменица и добитник на Орден за заслуга за народ од III степен.

Извори Личности од Македонија, П.Карајанов, Скопје, 2002

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на МРО Категорија:Носители на Илинденска споменица Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ