Дургут Едиповски (Кратово, - Скопје, ) ― македонски висок функционер и општественикМакедонски влади, 60 години, Скопје, 2005, 65 и 68.
Животопис Едиповски е роден во Кратово на 17 октомври 1937 година. Станал член на СКМ во 1959 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1961 и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на Град Скопје од 1961 до 1965 година. Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар на секретаријатот за индустрија и рударство при Стопанската комора на Македонија, член на Економскиот совет на Собранието на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и републички секретар за општостопански работи и пазар во два мандата од 28 април 1976 до 24 април 1986 година. Исто така, бил пратеник во Собранието на народите на Собранието на СФРЈ, делегат и потпретседател на Собранието на СРМ од 1986 до 1991 година и претседател на Управниот одбор на Републичкиот фонд за кредитирање на побрзиот развиток на недоволно развиените краишта. Бил и министер за трговија. Починал на 21 април 1991 година во СкопјеПогребан Дургут Едиповски. Вчера во Скопје. Комеморативна седница во Собранието на СРМ, „Нова Македонија“, XLVII, 15893, Скопје, 23. IV 1991, 3.
Наводи
Категорија:Политичари од Кратово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски општественици Категорија:Југословенски пратеници Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Политичари на СКМ