Хуајна Капак (кечуански: Wayna Qhapaq) бил единаесеттиот Сапа Инка на Империјата на Инките и шести владетел од династијата Ханан. Тој бил наследник на Тупак Инка Јупанки. Неговата жена и сестра била Која Кусиримај. Со неа немал машко дете, но тој имал над 50 деца со други жени, меѓу кои Нинан Кујочи, Хуаскар, Атахуалпа, Тупак Хуалпа, Манко Инка Јупанки, генералот Аток, Павлу Инка и Киспе Сиса. Скоро сите негови деца од овие наведениве, биле наследници или видни личности.

Тој ја проширил Империјата на денешни Чиле и Аргентина, и се борел за територии во Еквадор и Колумбија. Хуајна Капак умрел во 1527 година за време на битките во Кито. Заедно со него умрел и неговиот син Нинан Кујочи. thumb|лево|Хуајна Капак според Пома де Ајала. Пред неговата смрт, тој ја поделил империјата на неговиот омилен син Атахуалпа и на неговиот лигитимен наследник Хуаскар. Оваа поделба значела и ослабување на Империјата и подоцна тотален колапс.

Поврзано Сапа Инка Список на Сапа Инки Империја на Инките

Категорија:Родени во 1464 година Категорија:Починати во 1527 година