Паитити бил легендарен Инка стар град кој се верува дека се наоѓа источно од Андите, скриен во дождовните шуми во јужно Перу, северна Боливија или југозападен Бразил. Во Перу приказната за Паитити се поврзува со приказна за херојот Инкари, кој после основањето на Керо и Куско, се повлекол во џунглите на Пантиакола за да живее спокојно. Според други верувања се тврди дека градот се наоѓа на границата помеѓу Боливија и Бразил.
Користена литература
Поврзано Инки Тавантинсују
Категорија:Градови во Царството на Инките