Оваа статија е за религиозно движење. За македонското преродбеничко движење видете лозарско движење.

Конгрегација на мисијата () или лазаристите во Македонија биле членови на Лазаристичката мисија, основана во Истанбул во 1776 г. со цел да се пропагира католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Лазаристите ја ширеле и идејата за унија со католичката црква. Во Македонија основале мисии во Солун (1854) и во Битола (1856), при што и била изградена католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ и бил основан црковен хор. Лазаристичкото училиште на француски јазик, субвенционирано од француската влада, стекнало особено голема популарност.

Идејата за создавање на Лазаристичка мисија потекнува од Свети Викентиј Паулски за време на неговата служба како капелан на богатото семејство на Гонди во почетокот на XVII век. Двата главни проблеми на црквата во Франција во тоа време, Свети Винсент ги сметал за ниското ниво на образование и религиозноста меѓу најсиромашните сегменти на општеството, особено на селаните, како и ниското ниво на образование и побожност помеѓу свештенството. Решавање на овие два проблеми и станува главна задача на овој католички ред создаден во 1624.

Присуство во Османлиската Империја и Солун По распуштањето на Дружбата Исусова (језуитите) во 1773 година, Конгрегацијата за пропаганда на верата (Congregatio de Propaganda Fide) во 1782 година ги префрла мисиите на језуитите во Отоманската империја на лазаристите. Во Солун лазаристите ја преземаат католичката парохија поврзана со францускиот конзулат кон крајот на 18. век (околу 1783–1788).

Во текот на 19. век нивната дејност во Македонија се засилува. Мисиите во Солун се организираат околу средината на векот (според некои извори околу 1854), а во Битола во 1856 година. Главна задача на солунската мисија е ширење на католицизмот, особено преку унијатството (унија со Рим додека се задржуваат елементи на источнохристијанската традиција), меѓу словенското население во Солунско, Кукушко и други области на Македонија. Паралелно се развиваат образовни и социјални активности.

Установи во Солун лево|мини|Зградата на Бугарска католичка семинарија во Солун Во 1859 година лазаристите купуваат земјиште во тогашната периферија Зејтинлик. Во 1861–1862 година Сестрите на Милосрдието (женска гранка поврзана со редот на Свети Викентиј) градат сиротиште познато како Дом на Свети Викентиј. Во 1866 година во истиот комплекс е основана мала семинарија.

Главниот објект – Бугарската католичка семинарија (Séminaire Catholique Bulgare), познато и како Солунска бугарска католичка гимназија – се гради во периодот 1883–1886 година. Зградата е трикатна, со пансион и модерна опрема за тогашното време. Семинаријата привлекува ученици од унијатски семејства од Јужна Македонија и функционира до пролетта 1914 година, кога е затворена по Балканските војни.

Наводи

Поврзано Пропаганда Историја на македонскиот народ

Поврзано Скопска бискупија Богомилство

Категорија:Религијата во Битола Категорија:Отоманска Битола Категорија:Католицизмот во Македонија Категорија:Римокатолички редови Категорија:Туѓи пропаганди во Македонија