Водачи
Претседател - Борис Трајковски Премиер - Бранко Црвенковски Претседател на Собранието Никола Поповски ( до 7 ноември) Љупчо Јордановски ( од 7 ноември)
Настани
јануари 1 јануари - официјално бил укинат таканаречениот воен данок или данок на финансиски трансакации воведен во 2001 година, во услови на воен конфликт во државава. 15 јануари - Македонија има 2.038.059 државјани, покажа пописот што беше спроведен во ноември мината година. 20 јануари - Нападнати два полициски пункта во Тетово. 23 јануари - Борис Трајковски за првпат се ракуваше со Али Ахмети.
февруари 3 февруари - Усвоен Акциониот план за Рамковниот договор. 15 февруари - Силна експлозија во Основниот суд во Струга. 16 февруари - Т.н. АНА ја презеде одговорноста за бомбата во Струга. 20 февруари - во Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата 21 февруари - Демолиран Домот на културата во Тетово.
март 3 март - Уапсен поранешниот министер за економија Бесник Фетаи.„Бесник Фетаи уапсен во Хрватска“ април мај 2 мај - Македонија, Албанија и Хрватска, заедно со САД ја потпишуваат Повелбата за партнерство или Јадранската повелба. Оваа иницијатива, неофицијално е наречена Охридско-јадранска, ја покренува починатиот македонски претседател Борис Трајковски на маргините на Самитот на НАТО во Прага.
јуни 1 јуни - Армијата на Република Македонија се вклучува во мултинационалните сили во Ирак.
јули 7 јули - Потпишан договор помеѓу Македонската радио-телевизија, „Фајнелкат“ продукција и менаџерот на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, според кој Проески ќе учествува на Евровизијата во Турција. август 11 август - НАТО ја презема командата и контролата над мисијата ИСАФ во Авганистан. Учеството на Македонија во оваа мисија продолжува под знамето на НАТО.
септември октомври 19 октомври - Папата Јован Павле II ја прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.
ноември 15 ноември - Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија. 21 ноември - Во Скопје, во престрелка со полицијата, е убиен Диме Ицковски Поштарот, еден од 20-те најбарани криминалци на списокот на МВР.
декември 15 декември - Владата ја одобри изградбата на амбасадата на САД на Кале. 18 декември - Експлозија на бомба во Тетово. 22 декември - Претседателот на Државната пописна комисија Зоран Крстевски поднесе оставка. 27 декември - започна уништувањето на собраното оружје, предадено од веќе поранешната ОНА. 30 декември - Експорт-импорт банка оди во стечајwww.a1.com.mk 31 декември - при влез во Македонија е уапсен германскиот државјанин Калид Ел Масри, кој подоцна поради сомение за тероризам е одведен во американски затвор во Авганистан
Култура Музика
Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија ја претставија Марија и Викторија со песната Ти не ме познаваш. Знаеш колку вредам, албум на Каролина Гочева. Не ми го земај времето, албум на Калиопи. Ден и Ноќ, албум на Елена Ристеска. Доктори 100 да ме лечат, албум на Благица Павловска Небесна машина, албум на Архангел Кула од карти, албум од Влатко Стефановски Орлова планина, албум на Maras Diary Of Hate, албум на Timesand Џага, албум на Верка Трумано, албум на Суперхикс Купи ме, албум на Т.Б. Трачери Одам до крај, албум на Елена Петреска Возови, албум на Кристина Арнаудова Потрага по соѕвездие, албум на Димитар Андоновски Основана е музичката група Бен Хур. Основана е музичката група Dedicated for Life. Основана е музичката група Decadence.
Книги и списанија
Сипкава преѓа е свет од Санде Стојчевски Скрб од Бранко Цветкоски Приказна за третиот од Блаже Миневски Асфалт, но небо од Никола Маџиров Македонски древни вредности II од Ангелина Маркус Поеми за Македонските цареви од Ангелина Маркус Бело врапче од Борис Апостолов Допир до вистината од Викторија Гаго
Филм и телевизија
Играниот филм „Како лош сон“ на Антонио Митриќески ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал. Играното деби на Теона Митевска „Како убив светец“ се прикажа на фестивалот во Ротердам Краткометражниот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов-Изи влезе во офоцијалната конкуренција на 54. Берлински филмски фестивал. Започна снимањето на „Година на надежта“ на Светозар Ристевски Започна снимањето на „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски. Едно од лицата на смртта во режија на Филип Чемерски. Молитва - Уметноста на молитвата - I дел во режија на Стефан Шашков Молитва - По молитвата - II дел во режија на Стефан Шашков Неопходна жетва во режија на Жанета Вангели Розов филм во режија на Ѓорче Ставрески Скопје од спомените (документарна емисија) во режија на Дарко Митевски Сурова Година Весела во режија на Фидан Јаќовски Чекор пред времето во режија на Горан Тренчовски
Објекти thumb|десно|250px|Црква „Св. Троица“ - Радовиш
Реконструкција на Плоштад Македонија Осветена е црквата „Св. Троица“ во Радовиш. Осветена е црквата „Св. Мина“ во Ташмаруништа. Осветена е црквата „Св. Архангел Михаил“ во Брвеница. Реконструкција на црквата „Свети Архангел Гаврил“ во Зелениково. Реконструкција на црквата „Св. Богородица“ во Гостивар. Изградена е црквата „Св. Ѓорѓи“ во Едрениково. Изграден е манастирот „Св. Климент и Наум Охридски“ во Хамзали. Реконструкција на црквата „Св. Илија“ во Виниче.
Останато Основан е ФОН Универзитет. Основан е Космофон. Започна да се доделува наградата Златен прстен. Основано е здружението на Унгарците во Македонија - Теледом. Основано е Македонско хералдичко здружение. Престана да работи Агенција за санација на банка.
Спорт Фудбал
ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 2002/2003 година. ФК Цементарница го освои купот на Македонија. Основан е ФК Драчево. Основан е ФК Ренова. Квалификации за европското првенство во фудбал 2004 - група 7
* Пријателски натпревари
Кошарка КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Фершпед Работнички го освои купот на Македонија.
Починати
thumb|десно|100px|Анте Поповски thumb|лево|100px|Кирил Ќортошев
Кирил Ќортошев, македонски глумец и режисер. Петар Ангеловски, македонски сценограф. Панче Васоски, македонски глумец. Паскал Сотировски, македонски астрофизичар. Анте Поповски, македонски поет. Димитар Солев, македонски писател. Драгољуб Ставрев, македонски политичар. Данка Фирфова, македонска оперска пејачка. Александар Спасов, македонски литературен критичар. Мара Ѓорѓевиќ, македонска и српска пејачка. Михо Михајловски, народен херој на Југославија.
Родени
Наводи