За истоимената писателка видете Сузана В. Спасовска
Сузана Спасовска (, ) — македонска музичка ѕвезда која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 25 самостојни аудио, двд и видео изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и има настапувано на речиси сите фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“, „наследничка на Васка Илиева“ . Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.
Почетоците на музичката кариера мини|Хитови кои се поврзуваат со почетоците се: Чудна судба / Кога љуби мома млада / Марко, Марко / Ти верував до крај / Хит-касетата „Јас бев твоја робинка“ - 1992 (обр. на фотографија: Д. Величковиќ) Спасовска е родена во Скопје на 24 август. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи (на 11 години членува во детскиот хор „Развигорче“, солист во пионерскиот дом „Карпош“, Младинскиот хор „25 Мај“... Почетоците на професионалната кариера се поврзани со членување во пејачката група „Сирма“, како и со забавните групи „Калиопи“ и „Макакус“.) Почетоците започнуваат со првите снимки за Продукцијата на МРТВ во '86 и '87, потоа настапот на манифестацијата „Студентско лето '87“ во Маглај, Босна и Херцеговина. Следната година ја објавува првата касета со наслов „Земи ме“, настапува на Фолк Фест Валандово '88 и тогаш нејзината кариера започнува да оди нагоре. Следува првата турнеја во Австралија, Канада, Германија, Шведска... Од тогаш, Сузана забрзано чекори по патот на македонската песна, учествувајќи речиси на сите фестивали и манифестации, освојувајќи високи и значајни награди. Подоцна постигнува извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотици народни и авторски фолк песни. мини|/29.11.2024/ Концерт „Етно Симфонија“ со Камерниот оркестар на Битола, во рамките на „Фестивал на музика од светот“. Учесници: Сузана Спасовска - вокал, Благојче Трајковски - кларинетист, Петар Горко - актер. Отпеани се најубавите македонски народни песни: Кирјана, Со маки сум се родила, Земјо македонска, Црна се чума зададе... (Преземено од Центар за култура Битола)
Митот за „Сузе Национале“ Крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите се мошне значајни за кариерата на Сузана Спасовска. Редовно, тема на разговор се нејзините настапи, сценскиот изглед и вокалната интерпретација. Забележани и значајни се нејзините настапи на Фолк Фест Валандово, кога меѓу другото, публиката се интересира како ќе биде облечена Сузана Спасовска. Како најголеми хитови на овој фестивал во тоа време се издвојуваат хитовите „Води ме во рај“, „Зошто лажеш. зошто мамиш“, „Кога љуби мома млада“... мини|Сузана Спасовска на 28. издание Златна бубамара на популарноста - Добиена награда за Трајни музички вредности.19.2.2025 год. Прва ги воведува високите потпетици и прва се појавува со високи чизми, перики во разни бои и кратки здолништа, леќи во боја, вештачки трепки во боја... Прва прави револуцијата на македонската сцена и остава впечаток кај публиката после секој настап. Сузана создава креативен печат, изграден врз чувството на иновативност и креативност за комплетен уметник. Тогаш се раѓа Сузе Национале.
Во тој период соработува со најголемите автори и музичари во Македонија. За неа песните ги пишуваат: Хилми Билбил, Мате Грујовски, Димитар Чемков, Љупчо Трајковски-Фис, а најдолго Тодор Трајчевски со кого има остварено долга и значајна соработка. Редовно настапувала на сите фестивали: Валандово, Цветници, Фолк Хит, Гоце Фест, Песна на летото, Охридски трубадури, Интерфест... Незаборавни рефрени кои се врежани во меморијата на публиката од тие фестивали се: Марко, Марко изведена на Цветници, Зошто лажеш и Кога љуби кома млада на Валандово, Чудна судба на Фолк Хит... потоа, „Јас бев твоја робинка“, „Стара мајко“, „Супер пар“... Во нејзин стил, а сепак поразлично од сè претходно, меѓу најпознатите песни е љубовната и веќе легендарна „Ти верував до крај“ изведена на Цветници во 1993 година, која многумина ја нарекуваат минисимфонија.
Во почетокот на деведесеттите години објавува два хитовски албума: „Сузана 1992“ со насловната песна „Јас бев твоја робинка“, и албумот „Сузана 1994“ од кој неколку песни се издвоија како хитови, кои ги овековечи на солистичките концерти во Универзалната сала, и тоа: еден по друг во '92г. и рекордни четири концерти во '94г. Во тоа време прва одржува и два концерти во Домот на синдикатите во Белград, изведувајќи само македонски песни пред многубројната публика, и голем број колеги музичари и актери од српската естрада. Специјални гости на концертот беа Предраг Гојковиќ - Цуне и Станиша Стошиќ, а оркестарската придружба беше под водство на маестро Бранимир Ѓокиќ.
Единствено за неа е напишана театарската претстава „Кој ја уби Сузана Спасовска“, која во тоа време беше изведувана по неколкупати во сите градови. Во 2006 година учествува во претставата „Ќелавата пејачка“ со врвни македонски актери.
Во 1996 година, го издава албумот со стари македонски песни „Македонски бисери“, кој е првиот албум во тоа време издаден со македонски народни песни од музичките легенди, обновени со нови аранжмани и изведба со лирскиот глас на Сузана. Нејзината оригиналност повторно ја води кон целовечерен концерт во Универзална сала, интерпретирајќи само стари македонски песни, а нејзини специјални гости се музичките легенди Јонче Христовски и Пепи Бафтировски. Многу подоцна, во 2008 год. за нив изработува нови 10 видео записи кои редовно се емитуваат во Македонија на повеќе телевизии, како и во Бугарија.
Еден од најзначајните настапи во нејзината кариерата е настапот како гостин на прошталниот концерт на легендарната Васка Илиева, по повод „50 години песна“, изведувајќи ја вековната и тешко болната „Судбо моја“. Тогаш, го добива од неа аманетот да продолжи по патот на народната песна, да ја изведува, заштитува и афирмира насекаде низ светот.
По патот на родољубивата песна До 2000 год., има отпеано неколку песни со патриотска и родољубива тематика кои останаа забележани од тоа време, а најмногу „Земјо моја“ како за крај на стариот милениум.
Роден крај (1991 / Гоце Фест) Судбо македонска (1992 / Гоце Фест) Мајка Македонија (1993) Земјо моја (1998 / Гоце Фест)
Во 2001. го објавува хитовскиот албум „Бомба“ кој и овој го прави за сечиј вкус, со песни во модерен фолк ритам и патриотска тематика. На албумот, народот како најголем хит ја издвојува „Гордо Македонијо“ која во тие судбински денови си го наоѓа својот пат. Во тој период се закитува со наградите „Фолк пејач на годината“, „Пејач на деценијата“ и „Спот на годината („Земјо моја)“. Денес, Сузана Спасовска важи за уметник со најмногу отпеани песни за татковината. Меѓу народот важи за пејач на кој му се верува зашто пее искрено и достоинствено за Македонија. Па така, Сузана продолжува да чекори по патот на родољубивата песна, учествувајќи на фестивали и настани на кои одбележува и опева значајни ликови, празници, бранители, татковината...
Песни со родољубива и патриотска тематика
Гордо Македонијо (2000) - Објавена на албумот „Бомба“ - 2001 год. Расти сине (2001) Егејска мака (2001) Стани Македонијо (2002 / Гоце Фест) По горите македонски (2003 / Проект на Стевче Стојкоски) Навек векуваш, Македонијо (2004 / Тетовски фолк фест) Александар цар Македонски (2004) Пусти да се тие граници (2005) Наша татковино (2005) Moјата земја (2005 / Фолк Фест Роса) Родно огниште (2005 / Тетовски фолк фест) - Најслушана песна меѓу два фестивала. Памти ги мајко јунаците (2009) И ние сме деца на Македонија (2010) Една е, една Македонија (2011 - Лешочки Фолк Фест) Оган да го гори (2011) Солун, граде мој (2012 / Гоце фест) - 2 награда од стручното жири Земјо македонска (2014) Таму долу крај Белото море (2013/2014) Има една земја (2015) Дома си е дома (2016 / Лешочки фолк фест) Земјата на сонцето (2016 / Цветници) - 2 награда Древна земја (2017 / Лешочки фолк фест) Мајковина (2022 - Лешочки фолк фест) Во моето село (2023 - Лешочки фолк фест) Народе македонски (2023 / Проект Македонијо, во срце те носиме) Туѓа земја (2024 / Лешочки фолк фест) Нека живеј Македонија (2025 / Проект Македонијо, во срце те носиме. Оригинален наслов: Има една земја сонце што ја грее-Гоце Николовски)
Посветени песни
Лешочките камбани (2002) - Посветена на Лешочкиот манастир кој бил разурнат и повторно обновен. Каде се дванаесетмината (2003) - Посветена на дванаесетмината киднапирани и убиени на Шар Планина во 2001. На бисерот бисерите (2007) - За Гоце Николовски, отпеана на Фолк Фест Валандово. Послание (2007) - Посветена по повод 40 години автокефалност на Македонската православна црква. Тага Балканска (2008) - За Тоше Проески, отпеана на Тетовски фолк фест. Градат Мијаци крст до облаци (2008) Осум бигори на Македонија (2009) - Посветена на загинатите кај Вејце во 2001. Вечнаја памјат, владико Кирил (2013) - Посветена на Владика Кирил. Љубов, ах, љубов (2022) - Тестаментална песна од Зафир Хаџиманов, отпеана на Фолк Фест Валандово 2022. За славејот од Битола (2023) - Посветена на Ајри Демировски. Во моето село (2023) - Посветена на с. Бељаковце, Кумановско.
Паралелно ја негува и трудовата тематика, па ги изведува композициите: Печалбарска елегија, Празнична, Македонска крвава свадба, Бериќет, а меѓу најголемите хитови се издвојува и веселата „Здравоживо домаќини“, изведена на Фолк Фест Роса 2003.
Во тој период уште еден значаен настап е во Опера Хаус-Сиднеј, по повод манифестацијата „100 години Илинден“. Паралелно настапувала и снима во Бугарија, и во 2004 год. го објавува заедничкиот албум со Васко Лазаров, „Балканска Вистина“. Неколкупати има забележано учество на фестивалот „Пирин Фолк“ во Сандански, добивајќи неколку високи награди, и неколкупати настапува ревијално како специјален гостин со свои хитови.
Низ кариерата, посветува и композиции за значајни празници кои низ годините стануваат обичајни песни во секој дом... Па така, ги снима: Божиќна, Песна за Водици, Илинденска, Велигден сè до Спасовден, за подоцна да ги сними и овековечи најубавите и најзначајните православни и црковни химни во проектот „Терирем“.
Има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески („Верувај во овој живот'',„Навек векуваш Македонијо'',„Прочка'', „Вечнаја памјат владико Кирил'' и др.), Наум Петрески („Животот е многу убав'', Пеј, бистро пеј'', „Невено, Невенке'', „Цветините очи черешови'', ''Лино, моме Лино''), со Ефто Пупиновски („Ќе се женат другари''), со Миле Кузмановски („Што спечаливме'', „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски („Мерак песна''), гр. До-Ре-Ми („Свадбарска''), Борис Чоревски („Печалбарска балада'', „Столетна''), Дарко Нечовски („Бог го има секој клуч''), Група Биоритам („Назад, назад, Калино моме'', „Девојко мори убава"), Група Академци („Петка, глава“), Оливер Додев („Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија - Васко Лазаров („Балканска вистина“, „Терзиче младо'', „Еден е животот'', „Пусти да се тие граници'')...
Низ неколкудецениската кариера, Сузана успешно ѝ дава композиции на Македонија кои оставаат белег и се познати кај народот, а особено се впечатливи и забележани оние отпеани на Лешочкиот фестивал последните десетина година. „Една е, една Македонија“, „Древна земја“, „Мајковина“, „Во моето село“, но ја опева и судбината на секој Македонец преку песните „Дома си е дома“ и можеби најреалната, „Туѓа земја.“ Па така, Сузана се смета за уметник со најмногу отпеани песни за татковината.
Во нејзината музичка биографија се и запишани дел од најважните награди за еден уметник.
Златна бубамара на популарноста за Трајни музички вредности - доделена на 28. Златна бубамара 2025 год. Признание за животно достигнување во категоријата „легенди“- Прва фолк вечер на популарноста / Кочани, 2023 год. Награда за Животно дело - додели Радио Роса на 20. издание на Фолк Фест Роса / 2019 год. Највисоко семакедонско признание - Титула Македонски сенатор / додели: Светски македонски конгрес на јубилејниот концерт по повод 30 години / 2016 год.