Лаки — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на патот Виница - Берово (Р1304).
Историја Во XIX век селото било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лаки живееле 600 жители, сите Македонци.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226 Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лаки имало 640 Македонци, егзасрхисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.
Во 2002 година во селото живееле 314 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 162 жители, од кои 136 Македонци, 2 останати и 24 лица без податоци.
Родови
Лаки е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
Котроманци (18 к.) доселени се однекаде пред повеќе од 200 години. Нивното потекло е влашко. Улезовци (5 к.), Ковачевци (4 к.) и Маџирци (2 к.) првиот род е доселен од селото Ратево кај Берово. Другите два се со непознато потекло. Везировци (6 к.) и Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово. Сапунџии (5 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово. Паничарци (2 к.) доселени се од некое село Паничари кај Берово (?). Бигланци (3 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево. Чорбаџици (9 к.) доселени се однекаде. Карадаци (4 к.) доселени се од селото Ветрен кај Ќустендил во Бугарија. Анѓелковци (6 к.) доселени се однекаде. Спасинци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени. Ѓор Стојанци (4 к.), Анџии (1 к.), Дедо Оканци (1 к.), Заовци (5 к.), Марковци (4 к.), Петковци (3 к.), Зуламци (2 к.), Мечкарци (2 к.), Славујци (1 к.) и Замбулии (1 к.) доселени се однекаде.
Општествени установи Цркви Црква „Св. Јован Богослов“ — главната селска црква; Црква „Св. Богородица Балаклија“ — мала црквичка;Албум со слики
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 324 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Анџиски Валови — населба од средниот век Бигланско Градиште — градиште од доцноантичко време Градиште — градиште од доцноантичко време Грамади — градиште од доцноантичко време Манастирот — црква од средниот век Могила — тумул од железно време Сејменски Преслап — некропола од средниот век Стара Кула — кастел од доцноантичко време Црквата — црква од средниот век Црквиште — црква од средниот век
Редовни настани
Личности Богдан Станков — револуционер на ВМОРО, четник на Симеон Молеров„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.9
Култура и спорт
Иселеништво После Втората светска војна преку 20 семејства од Лаки се иселиле во Блатец и Виница. Во Пекљани се иселиле неколку родови, како. Рашниковци, Трајановци, Јовановци, Ангелови, Симеонови и Момчилови. Околу 30 семејства се иселиле во селата Сушево и Злеово во струмичко-радовишкиот крај.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница