Петар Стојков ― македонски автор од крајот на XIX и почетокот на XX век. По потекло од југоисточна Македонија (Марвашкиот крај, Серско и Неврокопско). Зачувани му се десетина книшки поезија, публицистички записи и политички коментари. Творел на бугарски јазик. Во своите книги се декларира како македонски патриот, кој е наполно свесен дека треба да се бори за слободата на својата татковина:

Библиографија мини|200п|Книгата Крсто Зарев Војвода од Петар Стојков

Објавени му се следниве одделни публикации: Македонски поборник за слободата на Македонија (Софија, 1897), Заштитна реч на Петар Стојков пред Софискиот окружен суд против господарот на кучешката престолнина во Цариград (Султанот Хамид) (Софија, 1898), Смрт на враговите (Софија, 1898); Клучот на македонската револуција (Софија, 1898), Македонски бич (Софија, 1899), Жална Македонија (Софија, 1899), Кръсто Зарев войвода, Софија, 1899. Потајностите на македонските дејци (Софија,1902), Крвава Македонија (Софија,1904), Крвава гробница (драма на марвашки дијалект, Софија, 1905), Пирински напеви (две изданија, Софија, 1909).

Наводи

Категорија:Македонски писатели од Бугарија Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе од Егејска Македонија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици