Дошница — река во Македонија, десна притока на Бошава.
Водите од оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница“, а во непосредна близина на централата се наоѓа и туристичката месност Топли Вирови.
Тек
Извира под врвот Зелен Брег на планината Кожуф, на надморска висина од 1.750 метри, а во Бошава се влева на надморска висина од 125 метри. Долга е 38,5 километри и има просечен пад од 45,5‰. Сливот зафаќа површина од 193,4 км2.
Реката се влива во Бошава кај селото Чифлик, во близина на гратчето Демир Капија.
Особеност
Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.
Галерија
Поврзано Бошава Топли Вирови ХЕЦ „Дошница“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Вардар