thumb|right|350px|Карта на светот која покажува раст на реален БДП за 2009 Големата рецесија или финансиска криза од 2007 г. е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот. На многу места, страдаше и пазарот со недвижнини, резултирајќи со многу иселувања, запленувања и продолжени одмори. Многу економисти сметаат дека е најлошата финансиска криза после Големата криза од 1930-тите. Таа придонесе за пропаѓање на клучни бизниси, намалување на потрошувачката моќ пресметано во трилиони американски долари, значителен пад на економската активност, а владите мораа да преземат важни чекори. Многу мерки, со различна тежина биле предложени од експертите. Пазарни, но и регулаторни решенија се имплементирани, или пак се разгледуваат, додека сѐ уште има големи ризици за светската економија за периодот од 2010-2012 г.
Колапсот на глобалниот пазар со куќи, кој го достигна врвот во САД во 2006, предизвика драстично паѓање на вредноста на акциите поврзани со недвижнините, наштетувајќи им на финансиските институции ширум светот. Прашањата во врска со платежната способност на банките, неможноста за издавање кредити и недовербата на инвеститорите имаа удар врз глобалните берзи, каде што акциите доживеаа големи падови за време на крајот на 2008 и почетокот на 2009. Економиите во светот забавија во овој период какошто кредитните услови се затегнаа, а меѓународната трговија опадна. Критичарите тврдат дека агенцииите за кредитен рејтинг и инвеститорите не успеале прецизно да го оценат ризикот при финансиските зделки поврзани со хипотеки, а владите не ги прилагодиле нивните регулаторни практики кон финансиските пазари на 21 век. Владите и централните банки одговорија без преседан со фискално стимулирање, проширување на монетарната политика и финансиска помош на институциите.
Одлики и причини Првичната причина за кризата е падот на американскиот пазар со недвижнини кој го достигна својот врв околу 2005-2006 г. Високите стандардни стапки за повторно позајмување и променливи хипотеки почнаа да се зголемуваат веднаш после тоа. Зголемувањето на пакет кредитите, маркетингот и стимулирањата како лесни почетни услови и долгорочен раст на цените на куќите ги охрабри заемобарателите да прифатат ризични хипотекти надевајќи се дека набрзо ќе може да ги отплатат по попривлечни цени. Сепак, какошто каматните стапки се зголемуваа, а цените на куќите доживеаа умерен пад во многу делови на САД во 2006-2007 г., отплаќањето станало потешко. Активностите како поништување на хипотека се зголемиле драматично, какошто лесните почетни услови истекувале, цените на куќите не се зголемувале според очекуваното, а каматните стапки за променливи хипотеки се зголемиле. Ниските каматни стапки и големиот прилив на странски средства создале лесни кредитни услови за неколку години пред да почне кризата, поттикнувајќи го бумот со изградба на куќи и потрошувачка со заеми. Комбинацијата на овие два фактора придонела за бумот со продажба на куќи во САД. Различните заеми (на пр. хипотеки, кредит, лизинг) биле лесно достапни, а потрошувачите станале се позадолжени. Како дел од бумот со куќи и кредити, значително се зголемил бројот на финансиски договори како хипотекарни хартии од вредност и колатерални долгувања кои ја добивале својата вредност од хипотекарните плаќања и цените на куќите. Ваквата финансиска иновација им овозможила на институциите и инвеститорите од целиот свет да вложуваат во американскиот пазар со недвижнини. Но, со падот на цените, поголемите глобални финансиски институции кои позајмувале и вложувале во стандардните хипотекарни хартии од вредност, пријавиле значителни загуби. Ниските цени резултирале со помала вредност на куќите од самиот хипотекарен заем, што претставувало финасиски стимул за поништување на правото на ослободување од хипотека. Епидемијата на поништување на хипотеките која започна во САД кон крајот на 2006 продолжува да го црпи богатството на потрошувачите и ја намалува финансиската моќ на банкарските институции. Неможноста да се исплатат и губењето на други типови на заеми исто така се зголемило значително какошто кризата се проширила од пазарот со недвижнини во другите делови од економијата. Вкупните загуби се проценуваат на трилиони долари глобално.IMF Loss Estimates
За време на бумот со куќи и кредити, повеќе фактори предизвикале финансискиот систем да се прошири, но и да стане покревок, процес познат како финансијализација. Изготвувачите на политики ја занемариле сè поголемата улога која ја имале финансиските институции како инвестиционите банки и хеџ фондовите, познати како и банкарски систем во сенка. Некои експерти сметаат дека овие институции биле исто толку важни како и комерцијалните (депозитарни) банки во снабдувањето на американската економија со кредити, но тие не биле предмет на истите регулирања. Овие институции, како и некои регулирани банки исто така си припишуваат долгови при снабдувањето со гореопишаните заеми и немале финансиска потпора доволна за покривање на големите загуби од невратените кредити и хипотекарните долгови. Овие загуби придонеле за намалена способност за издавање на кредити и со тоа се забавила економската активност. Загриженоста во врска со стабилноста на клучните финансиски институции ги натерала централните банки да обезбедат средства за се охрабри позајмувањето и да се врати надежта во пазарот со комерцијални хартии од вредност кој е интегрален дел од финансирањето на деловните операции. Владите исто така ги спасувале клучните финансиски институции и имплементирале економски стимулативни програми, преземајќи и дополнителни значајни финансиски мерки.
Раст на продажбата на куќи Во периодот меѓу 1997 и 2006, цената на една типична американска куќа се зголемила за 124%. За време на двете декади до крајот на 2001, националната просечна цена на куќите била од 2,9 до 3,1 пати поголема од просечниот годишен приход на едно домаќинство. Овој однос се зголемил на 4,0 во 2004 и 4,6 во 2006 г. Овој раст на цените на куќите резултирал со зголемување на каматните стапки за отплаќање на куќите или се јавила потреба за земање на друга хипотека обезбедена со проценување на цената.
Во програмата со наградување Пибоди Аворд, дописниците за NPR тврделе дека овој „огромен базен со пари” (претставен од 70 трилиони долари во светското фиксно инвестирање) бара поголеми камати отколку државните обврзници во таа деценија. Потоа, овој базен со пари речиси ја удвоил својата големина од 2000 до 2007, иако релативно сигурните инвестиции не растеле со таа брзина. Инвестиционите банки на Вол Стрит одговориле на ова со хипотекарни хартии од вредност и колатерални долгувања, кои добиле добар рејтинг од агенциите за кредитен рејтинг. Во суштина, Вол Стрит го поврзал овој базен со пари со пазарот на хипотеки во САД, со големи даноци кои се насобирале кај оние во синџирот со хипотеки, со продавање на заемите од хипотекарен брокер на помали банки кои ги финансирале брокерите, како и на гигантски инвестициони банки кои стоеле зад нив. Околу 2003 г. значително се намалил бројот на хипотеки кои потекнувале од традиционалното позајмување. Сепак, незапирливата голема побарувачка на хипотекарни хартии од вредност и колатерализирани долгувања предизвикала намалување на стандардите за позајмување, бидејќи сѐ уште имало можност за продавање на хипотеките во синџирот на понуди. Евентуално, овој шпекулативен раст на продажбата на куќи се покажал неодржлив.
Колатералните долгувања им овозможиле особено на финансиските институции да обезбедат инвестициски средства за да го финансират повторното позајмување и другите типови на позајмување, проширувајќи и зголемувајќи ја продажбата на куќи и собирајќи големи такси. Суштински колатералните долгувања ги сместува плаќањата во готовина и другите долгувања во еден единствен кош, од каде што се алоцираат парите во специфични акции во приоритетна секвенца. Овие акции кои обезбедуваат готовина први добиле рејтинг за нивото на инвестиции од рејтинг агенциите. Акциите со помал приоритет добиле готовина после тоа, со помали кредитни рејтинзи, но теоретски со поголема стапка на враќање на инвестираното.
До септември 2008, просечните цени за сместување во САД опаднале за 20% од нивниот врв во средината на 2006. Со падот на цените, позајмувачите на хипотеки со променливи стапки не можеле да ги отплатат за да ги избегнат повисоките плаќања поврзани со растечките камати и дошле во ситуација на банкрот. За време на 2007, позајмувачите почнале процес на поништување на хипотеките на околу 1,3 милиони поседи, што е зголемување за 79% од 2006. Бројот се зголемил на 2,3 милиони во 2008, што е зголемување за 81% од 2007 г. До август 2008, 9,2% од сите американски хипотеки биле или нелегални или во фаза на поништување. До септември 2009, овој процент се зголемил на 14,4%.
Лесни кредитни услови Помалите камати го поттикнале позајмувањето. Од 2000 до 2003, Федералните Резерви го намалиле нивото на федерални средства од 6,5% на 1,0%. Овој потег е направен за да се олеснат ефектите од колапсот на интернет-берзата и терористичките напади од септември 2001, како и за справување со зголемениот ризик од дефлација.
Дополнителен притисок за намалување на каматите бил создаден и од американскиот висок и растечки дефицит на тековната сметка, кој го достигнал врвот заедно со бумот на куќите во 2006. Бен Бернанке објаснува како трговскиот дефицит ги натерал САД да земаат заеми од странство, при што се понудиле повеќе обврзници, а се намалиле каматните стапки.
Бернанке објаснил дека меѓу 1996 и 2004, американскиот дефицит на тековната сметка се зголемил за 650 милијарди, од 1,5% на 5,8% од БДП. Отплаќањето на овој дефицит ги приморало САД да земаат големи заеми од странство, главно од држави кои имале трговски суфицит, како што се азиските растечки економии и земјите-извознички на нафта. Според балансот на платежниот идентитет, држава (како САД) со таков дефицит на тековната сметка треба да има и соодветен суфицит (инвестирање) на капиталната сметка. Оттука, големите и растечки средства (капитал) од странство служи за финасирање на увозот. На овој начин се јавила побарувачка на различни типови на финансиски инвестиции, зголемувајќи ги цените на тие инвестиции, додека каматите се намалувале. Странските инвеститори ги имале овие средства за да ги дадат како заем и тоа бидејќи имале многу високи стапки за лични заштеди (до 40% во Кина), или поради високите цени на нафтата. Бернанке го нарекол ова „презаситена заштеда”. Приливот на средства (капитал или ликвидност) досегнал до американските финансиски пазари. Странските влади обезбедиле средства со купувањето на државните обврзници на САД и со тоа избегнале поголемо влијание од кризата. Од друга страна, американските домаќинства ги користеле позајмените странски средства за финансирање на потрошувачката и за зголемување на цените на сместувањето и финансиски инвестиции. Финансиските институции инвестирале странски средства во хипотекарни хартии од вредност.
Тогаш Федералните резерви ја значително зголемиле стапката на средствата во периодот меѓу јули 2004 и јули 2006 г.Fed Historical Data-Fed Funds Rate Ова придонело за зголемување на едногодишната и петгодишната стапка на хипотеките со променливи стапки правејќи ги каматните стапки за променливи хипотеки поскапи за куќосопствениците. Ова веројатно придонело и за намалувањето на продажбата на куќи, какошто вредноста на имотите се движи обратнопропорционално со каматите и се зголемува ризикот за шпекулирање со сместувањето. Американските финансиски и средства од сместувањето драматично ја намалиле својата вредност после бумот со куќите.
Повторно позајмување