Тајната пошта на МРО е составен дел од структурите на организацијата. Секој селски, околиски и окружен комитет имал своја тајна пошта Прв устав на Македонската револуционерна организација. мини|лево|200п|Шифриранa азбука Поштата на Македонската револуционерна организација претставувала таен систем за комуникација меѓу нејзините членови во рамките на Отоманското Царство, но се комуницирало и надвор од империјата како што било и Задграничното претставништво.
Коресподенцијата се водела со хемиско бело мастило и шифри.
Шифрите ги знеле само претседтелот и секретарот на комитетот :s: Прв правилник на Македонската револуционерна организација.
По Солунскиот конгрес било решено дека Централниот комитет со внатрешноста на Македонија контактира преку окрузите, и затоа ЦК имал посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни шифри за коресподенција со Задграничното претставништво, окрузите имале посебни шифри за коресподенција меѓу себе . Поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден Панде Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1903, София, 1979Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003.
Извори
Надворешни врски Правилник на МРО.
Категорија:Историја на македонскиот народ Категорија:Македонска револуционерна организација