мини|150п|Проглас на Грчко-македонската тупаница за забрана за користење на македонскиот јазикВо оригиналниот документ во склоп на грчката пропаганда да го негира македонскиот народ и јазик, македонскиот јазик го нарекува бугарски јазик. Грчко-македонска тупаница (грчки: Ελληνική Μακεδονική Πυγμή) била грчка националистичка и терористичка организација во Егејскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни. Формирана била во 1926 година по Грчко-турската војна, а дејствувала во Костурско, Леринско, Воденско, Кајларско итн.Хр. Андоновски, Вистината за Егејска Македонија, Скопје, 1971

Дејствување Организирани групи ги крстосувале македонските села и го тероризирале македонското население за „доброволно“ да се иселува во Бугарија или во прекуокеанските земји (Канада, САД и Австралија). Со прогласи ги предупредувале Македонците (од 2 до 80 години) дека е строго забрането користењето на македонскиот јазикС. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981 - во оригиналниот документ не се зборува за македонскиот јазик, туку за бугарски што е нормално за грчката националистичка омаловажувачка политика..

Наводи

Категорија:Терористички организации Категорија:Историја на Егејска Македонија Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија