Ботошан () — округ во Романија, сместен во североисточниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Ботошан, а значаен е и градот Дорохој.
Географија Местоположба Округот Ботошан е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Молдавија и Украина. Окружен е: на југ со: Јаш; на запад со: Сучава.
Релјеф Округот се наоѓа во историскиот регион Молдавија. Тој предел претежно е ридски, а реката Прут е источна окружна, а воедно и државна граница. Значајна е и реката Сирет, којашто тече во западниот дел од округот.
Демографија Округот спаѓа во оние окрузи во Романија, во кои претежно живеат Романци. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите и Украинците.
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година