Клуж (, ) е округ во Романија, сместен во северозападниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Клуж-Напока, а значајни се и градовите Турда и Деж.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Дрвена црква во Паницени Округот Клуж е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Марамуреш; на североисток со: Бистрица-Насауд; на исток со: Муреш; на југ со: Алба; на запад со: Бихор; на северозапад со: Салаж.

Релјеф Округот се наоѓа во историската област Трансилванија. Округот е окружен со планини, особено на запад, каде што се извишува планината Бихор. Во средишниот дел се простираат плодните долини Самош и Мориш.

Демографија Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 79,4% од населението во округот, Унгарците 17,4%, 2,8% се Роми, а 0,6% се припадници на некоја друга националност.

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1944 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии настанати во 1925 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година