Полошка битка — битка во склоп на Османлиско-албанските војни која се одиграла на 22 април 1453 година. Со поддршка од арагонскиот крал Алфонсо V, албанскиот водач Скендербег правел напори како да го врати Светиград, кој бил изгубен во 1449 година. за таа цел, Скендербег организирал поход против Османлиите во соседна Македонија. Така, силите на Скендербег се префрлиле преку границата во Полог, каде биле пресретнети од страна на Османлиите, на чело со Ибрахим-паша. Скендербег успеал да му нанесе пораз на Ибрахим-паша. Во битката бил убиен и самиот водач на Османлиите.
Во битката биле убиени околу 3.000 Турци. Армијата на скендербег продолжила со грабеж врз населението пред да се врати во Дебар.Истата година од страна на Османлиите бил заземен градот Цариград со кое се ставило крај на Византија.
Наводи
Категорија:Скендербег Категорија:Судири во 15 век Категорија:Албанија во 15 век Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Албанија Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Европа во 1453 година Категорија:Битки на Мехмед II