ФК Ливерпул е професионален фудбалски клуб кој се наоѓа во Ливерпул, Англија кој игра во Премиер лигата и е еден од најуспешните во историјата на англискиот фудбал, со најмногу освоени трофеи од другите Англиски клубови. Ливерпул вкупно има освоено деветнаесет титули во лигата, седум ФА купови , седум Лига куп, три УЕФА купови и шест Европски купови, според англискиот регистар.

Клубот е основан во 1892 година и освои пет првенства во лигата помеѓу 1900-1947. Како и да е, Ливерпул поминал неколку години во втора лига за време на доцните 50-ти и не добил повторно унапредување сè до поставувањето на Бил Шенкли како менаџер во 1959. Клубот традиционално играл во црвено-бели дресови, но тоа се променило во целосно црвени во 1960 година.Под раководството на Шенкли, Ливерпул освоил три титули во првенството, два ФА купови и УЕФА куп, првиот европски трофеј на клубот. Во изминатите 30 години, тие биле едни од најуспешните клубови во англискиот и европскиот фудбал, освоиле четири европски купови помеѓу 1977 и 1984, петтиот во 2005 и последниот шести во 2019.

Несреќата на стадионот Хејсел го направил клубот злогласен во Европа, 39 навивачи на Јувентус починале по паѓањето на ѕидот откако тие се обиделе да побегнат при нападот на навивачите на Ливерпул. Клубот присуствувал на најголемата катастрофа по четири години – Несреќата во Хилсбороу – каде што починале 96 навивачи на Ливерпул во сударот со мечувачите. Двете катастрофи имаа големо влијание врз англискиот и европскиот фудбал, и врз клубот по овој ден.

Ливерпул е еден од најподржуваните клубови во светот, vо 2019, Ливерпул беше еден седмиот фудбалски клуб во светот со најголема заработка, со годишен приход од 604 милиони евра и осмиот највреден светски фудбалски клуб, вреднуван на 2.183 милијарди американски долари. Ливерпул има голем број на навивачи кои држат долготрајни соперништва со неколку клубови. Најистакнато од нив е соперништвото со Манчестер Јунајтед и Евертон, со кои тие регуларно се натпреваруваат како Мерсејсајд дербито. Тимот носи црвен дрес и шорцеви од 1964 година. Химната на клубот е "You'll Never Walk Alone".

Историја

Фудбалскиот клуб Ливерпул бил основан по многубројните расправии помеѓу комететот на Евертон и Џон Хоулдинг, сопственикот на земјиштето на Енфилд и претседател на Евертон. ФК Евертон е основан и игра на Енфилд уште од 1884 до 1892. Катализаторот што ги интензивирше караниците беше кога соседниот земјопоседник сакал да изгради пат преку новоизградениот главен терен. Битна разлика се појавила во тоа како клубот требало да се на насочува кога клубот се префрлил на страната Енфилд. Мотивот на холдингот бил оценет како стекнување на лични финансии. Еверетон кој играше единаесет години на Енфилд беше одвоен од холдингот и Енфилд и беше преместен на новиот стадион Гудисон Парк.

Ф.К Ливерпул беше основан од страна на холдингот за да игра на напуштениот Енфилд. Оригиналното име требаше да биде Ф.К Евертон и Алетик Граундс или накратко Евертон Атлетик, но беше променето во Ф.К Ливерпул во јуни 1892 година кога Фудбалското Здружение одби да го признае тимот како Евертон.

Клубот во првата сезона ја освои Ланкашир лигата и успешно се пријавија за приклучувње на втората лига во следната сезона. Беа први во лигата па ги унапредија во првата лига. Ја освоија првата титула во 1900-1901 , и повторно беа шампиони во 1905-1906 година. За првпат стигнаа во финале на ФА купот во 1914 година, но изгубија со 1-0 против Бурнлеј. Клубот повторно победи во првенството во 1921-1922 и 1922-1923, но потоа клубот не освои ниту еден трофеј дури до 1946-1947 кога победија во лигата по петти пат. Клубот стигна до финалето на ФА купот во 1950 , но изгуби против Арсенал. Ливерпул беше вратен во втората лига во сеозната 1953-1954. Во овој период тие доживеа пораз со 2-1 во ФА купот против Вустер Сити кој не беше во лигата во сезоната 1958-1959. Не многу долго по срамниот резултат, Бил Шенкли беше избран како менаџер и отпушти 24 играчи. Тој исто така ја замени собата која беше посебно користена како складиште за обувки на Енфилд во соба каде што тренерите ќе можат да зборуваат за стратегиите пиејќи чај ( и други пијалаци ). Таму Шенкли започна да го преправа тимот заедно со други членови на собата за обувки , основачите Џо Феган, Ројбен Бенет и Боб Пејсли.

Унапредување во прва лига постигнаа во 1961-1962, кога клубот го освои својот прв ФА куп во претходната сезона. Клубот победи во лигата и во УЕФА купот во 1972-1973 и повторно ФА купот една година подоцна, по ова , Шенкли отиде во пензија и го наследи заменикот Боб Пејсли. Пејсли беше уште поуспешен за разлика од Шенкли, па клубот победи во лигата и во УЕФА купот во 1975-1976, негова втора сезона како менаџер. Следната сезона ја задржаа титулата, победиа на европскиот куп за првпат , но изгубија во финалето на ФА купот. Ливерпул се задржа следната сезона во европскиот куп и следната година повторно победи во лигатасо 68 бода – домашен запис, со примени само 16 голови во 42 натпревари. За време на деветтата сезона Пејсли раководеше со клубот , Ливерпул освои 21 трофеј, вклучувајќи три Европски купа, УЕФА куп , шест титули во лигата и три едноподруго лига купови. Единствениот домашен трофеј што го испушти беше ФА купот.

Пејсли се пензионираше во 1983 година ( како и Шенкли ) контролирајќи ги уздите на ветераните во собата за обувки, заменик тренерот Џо Феган. Ливерпул освои три трофеи со раководството на Феган во неговата прва сезона: лигата, лига купот и европскиот куп , беа првите во Англија кои ги освоија трите трофеи во една сезона. Ливерпул повторно стигна до финалето во европскиот куп во 1985 година. Натпреварот беше против Јувентус на стадионот Хејсел. Пред почетокот на натпреварот , беше предизвикана несреќа : навивачите на Ливерпул ја пробија оградата која ги одделуваше двете групи на поддржувачите и нападнатите навивачите на Јувентус. Поради настаната тежина на луѓето дојде до рушење на ѕидот, при што починале 39 навивачи, повеќето италјанци. Натпреварот течеше без внимание и Ливерпул изгуби од Јувентус со 1-0. На англиските клубови поради тоа пет години им беше забрането учеството во европските натпревари ; Ливерпул доби 10 годишна забрана, која подоцна беше намалена на шест години. 14 од нивните навивачи беа осудени за убиства без умисла.

Феган се откажа по катастрофата и Кени Далглиш беше назначен како менаџер на тимот. Во тоа време , клубот усвои други три првенства и два ФА купа, вклучуваќи ја лигата и купот „ Двојно “ во 1985-1986. Успехот на Ливерпул се заесни со катастрофата Хилсбороу : во полуфиналето на ФА купот против Нотингам Форест на 15 април 1989, стотина навивачи на Ливерпул беа нападнати. 94 навивачи починаа тој ден ; 95тата жртва почина во болницата од повредите четири дена подоцна, а 96тиот почина скоро 4 години подоцна без да му се врати свеста. По трагедијата во Хилсбороу имаше контрола од страна на владата за сигурноста на стадионот. Познато како извештајот Тејлор, го даде начинот на законодавство кој го побара управниот тим за сите стадиуми со седишта. Извештајот покажал дека главната причина за несреќите било преполнувањето со народ што ја покажува неодговорноста на полицијата. Во 1989 Ливерпул повторно беше присутен во еден од најдраматичниот завршеток на сезоната на сите времиња, со што клубот ја изгуби титулата за постигнати голови и во последната минута од сезоната беше поразен на домашен терен од конечниот победник Арсенал. Далглиш ја цитираше катастрофата во Хилсбороу и нејзината реперкусија како причина за неговата оставка во 1991. Него го замени поранешниот фудбалер Грејм Соунес. Покрај освојувањето на ФА купот во 1992, Соунес постигна мал успех и беше заменет од поранешните членови на Собата за обувки, Рој Еванс. Еванс напредуваше на подобро : неговиот единствен трофеј беше победата во Лига купот во 1995 година. Најистакната беше победата од 4-3 со Њукасл Јунајтед на Енфилд на 3 април 1996 година, што во април 2003 година беше наречен како натпревар на декадата на доделувањето на десетте сезонски награди во Премиер лигата. Џерард Хулиер беше назначен за заменик менаџер во 1998-1999 , но откако Еванс се откажа во ноември 1998 година одговорноста падна на него.

Во неговата втора сезона Ливерпул победи трипати на ФА купот, Лига купот и УЕФА купот. Во сезоната 2001-2003 година, кога Хулиер претрпе тешка операција на срцето, Ливерпул заврши како втор веднаш по Арсенал. Во следната сезона паднаа очекувањата па Хулиер беше заменет од страна на Рафаел Бенитез. Клубот заврши како петти во неговата првата сезона но победи на УЕФА првенството со што го победи Милан со 3-2 со пеналот откако натпреварот заврши 3-3. Следната сезона Ливерпул заврши како заврши како трет со 82 бода – нивниот највисок збир од 1988. Тие го усвоија УЕФА купот откако победија на Првенството претходната сезона, откако го победија Вест Хем Јунајтед со пенал и натпреварот заврши со 3-3. Во 2006-2007, потрагата по инвестиции за клубот дојде до крајот кога американските стопанственици Џорџ Жилет и Том Хикс станаа сопственици на Ливерпул со договор што клубот го процени и неподмирените долгови од 218,9 милијони фунти. Таа сезона, клубот стигна до финалето на Првенството, но овој пат изгубија од АЦ Милан со 2-1. Во сезоната 2008-2009 година Ливерпул постигна најмногу бодови во Премиер лигата вкупно 86 бода и завршија веднаш до Манчестер Јунајтед.

Бои и амблем Ливерпул традиционално игра во црвено – бели дресови, но опремата беше сменета во целосна црвена во средината на 1960 година. Црвената не се користи секојпат. Во првите денови, кога клубот се премести на Енфилд од Евертон, тие ги користеа крем бојата од сино и бело. Нивната опрема изгледаше скоро идентична на износените дресови на тимот на Евертон во тоа време. До 1894 Ливерпул ги одбра црвените дресови и во 1901 градската птица беше прифатена како амблем на клубот. Во следните 60 години опремата на Ливерпул беше црвени маици со бели шорци. Чорапите им беа променети во текот на годините од црвени во црни , од бели и црни повторно во црвени. Во 1964 година, кога менаџерот на Ливерпул Бил Шенкли одлучил да го промени тимот во целосно црвени за првпат на натпреварот со Андерлехт, како што на св. Џон се отповика на неговата автобиографијата :

„ Помислил дека бојата ќе предизвика психолошка влијание – црвено како опасност, црвено како моќ. Еден ден влегол во соблекувалната и оставил неколку црвени шорци на Руни Јетс. „ Облечете се со овие шорци и да видиме како ќе ви стојат “, рекол. „ Христ, Руни вие изгледате прекрасно, застрашувачки. Изгледате 200 cm повисоки. “ „ Зошто да не бидеме целосно така, шефе? “ Предложив. „Зошто да не носиме и црвени чорапи ? Ајде да излеземе целосно облечени во црвено.“ Шенкли се согласи и беше искомбинирана светата опрема.“

Бојата на дресовите на Ливерпул на гости традиционално им е или бели маици со црни шорци или целосно жолти. Како и да е, во 1987 година беше воведена целосно сива опрема, којашто ја користеа до стогодишната сезона 1991-1992 година, кога беше заменета со комбинација од зелени маици и бели шорци. По неколку комбинации на бои во 1990 година , вклучувајќи ги златната и темносина, светложолта, црна и сива, клубот наизменично ги користеше жолтите и белите дресови за гости до 2008-2009 сеозна, откако тие повторно ја воведоа нивната сива опрема. Моменталната опрема е дизајнирана од Адидас (Addiadas) , којашто ги правеше дресовите на клубот во периодот помеѓу 1985 и 1996 година. Другите брендирани дресови кои ги носеше клубот беа на Амброу (Umbro) до 1985 година и Рибок (Rebook) во период од десет сезони од 1996 година. Трета опрема, којашто беше со тиркизни маици и црни шорци, беше дизајнирана специјално за Првенството за гостинските натпревари, но исто така се користеше за некои домашни натпревари кога ќе се поклопеа и двете екипи во црвено – сива комбинација.