Крива Лакавица — река во Македонија, лева притока на Брегалница. Извира од северните падини на Градешка Планина јужно од селото Долни Липовиќ, на височина од 570 м, а се влева кај селото Софилари, на височина од 251 м. Долга е 42 км, има течение во правец југ-југоисток - север-северозапад со вкупен пад од 319 м и просечен пад од 7,6 ‰. Сливот зафаќа површина од 425 км2. Во горното течение во делот на теснината Мантово е изградено езерото Мантово. Во однос на протоците на вода има одлики на порои: преку лето пресушува, а при поројни дождови, нивото на водостојот нараснува и до 2 метри при што водата се излива од коритото правејќи огромни штети на околното обработливо земјиште.

Галерија

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Вардар