Тихомир Михајлов Крцкоски (, - , ) — македонски специјалист по општа хирургија и супспецијалистваскуларен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1999 година. Медицинскиот факултет и специјализацијата ги завршил во Скопје, а супспецијализацијата во Белград и Лион. Докторирал во 1990 година. Бил директор на Тораковаскуларната клиника од 2000 до 2002 година, а потоа и на ЈЗУ „Универзитетски клинички центар“ - Скопје (од 2002 до 2005). Починал ненадејно на 3 февруари 2012 година во Скопје.

Библиографија Објавил над 90 научно-стручни трудови. Реконструктивни зафати на феморопоплитеална регија, Скопје, 1991

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски торакални хирурзи Категорија:Професори на медицинскиот факултет - Скопје