Воислав Кушевски (, – , ) — македонски историчар и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.Димитар Димески, Воислав Кушевски (ин мемориам), Историја, XXXVI, 1–2, Скопје, 2000

Животопис Кушевски е роден во делчевското село Тработивиште на 28 јули 1921 година. Завршил Учителска школа во Скопје во 1941 година, и едногодишен курс за предавачи по историја и по географија во 1946 година. Бил инспектор по историја за средните училишта од 1949 до 1959 и директор во средни училишта и предавач на ВПШ „Климент Охридски“. Од 1959 година, тој бил асистент на Филозофскиот факултет и предавач по предметот Методика на наставата по историја. Во 1965 година, тој докторирал на темата „Македонија пред Друштвото на народите“. Во 1967 година, тој бил избран за доцент, во 1972 година за вонреден и во 1977 година за редовен професор. Бил продекан на Филозофскиот факултет. Истражувал во повеќе архивски центри во земјава и во странство.

Дела ВМРО (Обединета) спрема поставувањето на македонското прашање пред Друштвото на народите, Историја, 1, Скопје, 1985; Грчки дипломат за македонскиот јазик, „Прилози“, XXII, 2, Скопје, МАНУ, 1991; За дејноста и улогата на ВМРО на Тодор Александров и Иван Михајлов во врска со поставувањето на македонското прашање во Друштвото на народите (1920–1934), зб. „Сто години од основањето на ВМРО и 90 години од Илинденското востание“, Скопје, 1994.

Наводи

Надворешни врски Воислав Кушевски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Луѓе од Тработивиште Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје