Лепенец — река во Македонија, притока на Вардар.Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6 Извира од планината Жар на Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток.

Долга е 75 километри, има вкупен пад од 1.603 м и просечен пад од 21,4‰. На територијата на Македонија влегува кај селото Блаце и има должина од 21 километар. Сливот зафаќа површина од 770 км2, од која на Македонија ѝ припаѓаат 167,76 км2. Средногодишниот протек пред вливот во реката Вардар изнесува 10,0 м3/сек.Влечниот нанос на река Лепенец и неговото влијание за регулација на речното корито, Живко Шкоклевски, С. Крстевска; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 1982

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Реки во Косово Категорија:Егејски слив