За други значења видете на Азмак (појаснување)
Светиниколска Река или Азмак — македонска река, десна притока на реката БрегалницаАлександар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002 и најголемиот воден тек во Овче ПолеПриродни ресурси: податоци за 2009 г.од Министерство за земјодел.,шумарство и водост.ПЕ Св.Николе.
Настанува од три помали водотеци (краци): Караташ (Црн Камен), Бериш и Мавровица, кои се соединуваат кај градот Свети Николе, по што го добива името Светиниколска Река, а пред сливот во реката Брегалница е позната под името Азмак.
Караташ се формира во близина на селото Павлешенци, на надморска височина од 389 метри. Бериш извира во атарите на Малино и Алакинци, на надморска височина од 380 метри. Мавровица извира од планината Манговица, на височина од 610 м.
Светиниколска Река во Овчеполската Котлина прима неколку притоки. Нејзини леви притоки се Буриловска Река со Немашница, додека десни притоки се Горобинска Река (Поток), Кнежевска Река и Ѓуземелска Река, сите со пороен карактер. Овие овчеполски рекички во летните месеци наполно пресушуваат.
На реката Мавровица, во местото Алин Дол, изградена е акумулација во должина? од 7 км2, со зафатнина од 2.700.000 кубни метри. Оваа акумулација се користи за водоснабдување на Свети Николе.
Светиниколска Река се слива во Брегалница на височина од 203 м. Долга е 35 км, има вкупен пад од 407 м и просечен пад од 11,6 ‰. Површината на сливот изнесува 658,7 км2. Во најголемиот дел од сливот има пороен карактер.Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
Наводи
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Географија на Свети Николе