мини|десно|200п|Портрет на Кристоф Томас Шефлер во профил (гравура, 1745) мини|десно|200п|Таванска фреска во црквата Св. Павлин во Трир Кристоф Томас Шефлер (; (20 декември 1699 – 25 јануари 1756) — германски сликар од периодот на рококото. Најзначаен е по неговите фрески.
Роден во Мајнбург и научил сликање од татко му Волфганг. Во периодот 1719-1722 г. работел како чирак кај Козма Дамјан Азам. Во 1722 пристапил во монашкиот ред Исусовци како послушник и таму живописал неколку цркви. Во 1728 го напуштил манстирскиот живот и се преселил во Аугсбург, каде што живеел сè до смртта во 1756 г.
Во неговото творештво се вбројуваат фреските во црквата Св. Сесилија во Хојзенштам, дело на архитектот Балтазар Нојман по порачка на семејството Шенборн-Хојзенштам, и фреските во црквата Св. Павлин во Трир, изградена за изборниот кнез Франц Георг фон Шенборн. Фреските во капелата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus) во Мајнц, исто така дело на Шефер, биле уништени во Втората светска војна.
Наводи
Надворешни врски
Страница на црквата Св. Сесилија Х.Т. Шефлер во Биографско-библиографската црковна енциклопедија
Галерија
Категорија:Германски сликари Категорија:Рококо-сликари Категорија:Родени во 1699 година Категорија:Починати во 1756 година Категорија:Фрескосликари