десно|thumb|200px|Катедрала Св. Јован Крстител во Савана, Џорџија Неоготиката (позната и како готска преродба) е архитектонско движење кое започнало во Англија во 1740-тите години. Нејзината популарност започнала брзо да расте во почетокот на деветнаесеттиот век кога група на познати следбеници на неоготските стилови настојувале да ги обноват средновековните форми во споредба со класичните стилови кои преовладувале.Во Англија, центарот на ова обновување, бил испреплетен со многубројни филозофски движења поврзани со повторното будење на „Високата црква“, или Англо-католичкото верување (и од католиците преобразено во Огастес Велби Пјуџин)кое се залагало за развојот на религиозниот нонконформизам. На крајот,во третата четвртина од деветнаесеттиот век, овој стил станал широко пространет поради неговиот природен изглед. Паралелно со доминацијата на неоготските стилови во деветнаесеттиот век во Англија, интересот се проширил многу брзо и во Европа, Австралија и Америка; всушност, можеби бројот на обновувачките и бондрук неоготските градби изградени во деветнаесеттиот и дваесеттиот век го надминуваат бројот на готски градби кои биле претходно изградени. Обновувачката готика била паралелна и поддржувана од средновековието, кое своите корени ги има во антикварските интереси во врска со преживувања и куриозитети. Ова исто така примило и политичка конотација; при што „рационалниот“ и „радикалниот“ неокласичен стил се поврзувал со републиканизмот и либерализмот (како што е докажано со неговата употреба во Соединетите Американски Држави и во Републиканска Франција), повеќе „спиритуалната“ и „традиционалната“ обновувачка готика била поврзувана со монархизмот и конзервативизмот, а ова се рефлектирало преку изборот на стилови за реновирање на Вестминстерската палата во Лондон и “Parliament Hill” во Отава. Во англиската литература, архитектонската обновувачка готика и класичниот романтизам направиле подем во жанрот на готскиот роман, започнувајќи со „Отрантскиот замок“ (1764) од Хорас Волпол и Четвртиот Ерлд од Орфорд, а исто така инспирирале и нов поетски жанр кој потекнува од псевдобардската поезија од Осијан. Поемите како “Idylls of the King” од Алфред Тенисон, обработуваат особено современи теми од средновековните окружувања на артурската романса. Во германската литература, преродбеничката готика исто така има корени во литературната мода.

Заживување и преродба

Се смета дека готската архитектура започнала во манастирот Сен-Дени во Париз, 1140 година и завршил со последниот замав во капелата “Henry VII” во Вестминстер во почетокот на XVI век. Меѓутоа, готската архитектура не изумрела целосно во 1520 година, туку напротив, се задржала во проектите за натамошно градење на катедрали и изградбата на цркви во големиот број изолирани рурални населби во Англија, Франција, Шпанија,Германија и Полско-Литванската државна заедница. Во Болоња, во 1646 година, барок архитектот Карло Раиналди конструирал готски визби (завршени во 1658 година) за базиликата на “San Petronio” во Болоња кој бил во изградба од 1390 година; понатаму, готскиот контекст на изградба не ја земал предвид тогашната архитектонска мода. Гуарино Гуарини, театински монах од XVII век , примарно активен во Торино, го признал „Готскиот ред“ како еден од примарните системи во архитектурата и го искористил во практиката. Слично на ова, готската архитектура преживеала во урбано опкружување при крајот на XVII век, како што се гледа во Оксфорд и Кембриџ, каде што додатоците и поправките на готските згради очигледно се смета дека повеќе го задржуваат стариот стил отколку современиот барок. “Tom Tower” на Сер Кристофер Рен за христијанската црква, Оксфордскиот универзитет и подоцна, западните кули од манастирот Вестминстер на Николас Хоксмур, ги замаглуваат границите помеѓу т.н. „Готска обнова“ и преродбеничката готика. Во средината на XVIII век, со издигнувањето на романтизмот, зголемениот интерес и свест помеѓу некои влијателни експерти за „средновековието“, создал поблагороден пристап кон одбраните средновековни дела како црковната архитектура, монументите на гробовите на кралските и благородни личности, витража и доцните осветлени готски ракописи. Меѓутоа, другите готски уметности како таписерии и метални дела, биле сметани за варварски и вулгарни. Сентименталното и националистичко поврзување со историските фигури и во ова обнова биле многу застапени, но само од естетски причини. Неколку британци и наскоро потоа некои Германци , почнале да го ценат живописниот карактер на рушевините- станувањето на „живописноста“ нов естетски квалитет- и оние стари ефекти од времето кои јапонците ги нарекуваат ваби-саби и на кои Хорас Волпол самостојно им се восхитувал, малку шеговито, како „вистинската `рѓа од војната на бароните“. „Готските“ детали од “Twickenham” вилата на Волпол, „Стробери хил“, наликувала на рококо стиловите од времето и од 1970-тите, внимателните неокласични архитекти како Роберт Адам и Џејмс Виат биле подготвени да обезбедат готски детали во приемните соби , библиотеки и капели за романтистички изглед на готскиот манастир Фонтхил во Вилтшир. Замокот Инверари изграден во 1746 година со дизајнерско решение од страна на Вилијам Адам, ги претставува раните заживувања на готските елементи во Шкотска. „Готскиот“ стил, бил архитектонска манифестација на вештачката „живописност“ што се среќава во сите уметности: Овие орнаментски храмови и вили, ја игнорирале градежната логика на готските градби и биле делотворно паладијански градби со назначени арки. Екцентричниот дизајнер на пејзажи, Бети Ленгли, се потрудил дури и да ги „подобри“ готските форми со тоа што им давал класични пропорции. Помлада генерација која готската архитектура ја сфаќа посериозно овозможила доцентура за сериите на Џ. Бритен од „Антиквитети од катедралите“ кои се појавиле во 1814 година. Во 1817 година, Томас Рикман напишал „обид“... за да ги именува и дефинира деловите во готски стил од црковната архитектура, „книга за студентите на архитектура“. Нејзиниот долг наслов е описен: Обид за разликување на стиловите од англиската архитектура од Победата на преродбата; со скеица од грчките и римските редови, со белешки за приближно пестотини англиски градби. Категориите кои ги користел биле нормански, рано-англиски, украсени и вертикални. Постоеле голем број на изданија и повторно било издадено во 1881 година.

Декоративни уметности

Преродбениот готски стил не бил застапен само во архитектурата. Ексцентричните готски детали во англискиот мебел се застапени и во куќата на Лејди Помфрет на улицата Арлингтон во Лондон (во 1740-тите), а дрворезот на потпирачите на столовите и стаклените видови на библиотеки се позната особина на “Chippendale’s Director”, каде троделната библиотека содржи готски детали симетрични со изобилие на рококо стилот. Во Аботсфорд на Сер Волтер Скот, има примери на „регенска готика“ во мебелот. Од средината на деветнаесеттиот век, готските орнаменти и фалти може евтино да се постават на позадини, а готското аркадирање може да краси керамички бокал. Илустрираниот каталог за „Големата изложба“ во 1851 година е полн со готски детали, од изработка на тантели и дизајни за деписи, до тешка машинерија.

Романтизам и национализам

Францускиот неоготски стил во помал дел потекнува од „Англоманијата“, со почеток во доцните 1780-ти. Во 1816 година, кога францускиот научник Александре де Лаборде рекол „готската архитектура си има свои убавини“, таа идеја станала новела за многу француски читатели. Во 1828 година, Александре Брогниарт, директор на фирмата “Sèvres” за рачна изработка на порцелан, произвел рамни стаклени површини со емајлирани цртежи за кралската капела на Луис Филип во Дреукс.

Обновувањето на француската готика подложено на длабоки научни истражувања од страна на пронаоѓачот Аркис де Каумонт кој во времето кога зборот антикварница сѐ уште значел експерт за антиквитети го основал „Societé des Antiquaires de Normandy“ и го издал своето познато дело во врска со норманската архитектура во 1830 година (“Summerson 1948”). Наредната година се појавил романот „Ѕвонарот од Богородичната црква“ од Виктор Иго, во кој големата готска катедрала во Париз во исто време била главно опкружување и протагонист во многу популарна приказна. Намерата на Иго, повеќе била да разбуди грижа за преживувањето на готската архитектура, отколку да предизвика манија за неоготиката современиот живот. Во истата година кога се појавила Богородичната црква во Париз, новата француска монархија основала место за поставување на Генерален инспектор за античките споменици, место кое се пополнило во 1833 година од Проспер Мериме кој станал секретар на новата Комисија за историски споменици во 1837 година. Оваа комисија побарала Eugène Viollet-le-Duc, да ја провери состојбата на манастирот „ Vézelay“ во 1840 година. По ова барање, Eugène Viollet-le-Duc почнал да реновира повеќе симболични градби во Франција – „Notre Dame de Paris“, „Vézelay“, „Carcassone“,„ Roquetaillade castle“,„ Mont Saint-Michel“,„ Pierrefonds“, „Palais des Papes à Avignon“... Изградбата на првата позната неоготска црква во Франција , „Basilica of Sainte-Clothilde“ во Париз, започнала во 1846 година, а завршила на 30 ноември 1857 година, додека пак, архитектот кој работел на оваа градба бил од исклучиво германско потекло, Франц- Кристијан Гау (1790-1853); дизајнот во последните фази бил значително изменет од страна на асистентот на Гау, Теодор Балу, за да изгради две куполи кои го крунисале западниот дел.

Во меѓувреме, во Германија се појавил голем интерес за Келнската катедрала која почнала да се гради во 1248 година и сѐ уште не била завршена во времето на „обновувањето“. Романтистичкото движење во 1820-тите го вратило интересот и изградбата повторно започнала во 1842 година, со значително одбележување на враќањето на готската архитектура во Германија.

Поради романтистичкиот национализам во почетокот на XIX век, Германците, французите и англичаните, сите тврделе дека оригиналната готска архитектура од XII век, потекнувала од нивната земја. Англичаните смело го сковале поимот "Early English" за готиката, поим кој подразбира дека готската архитектура била англиска творба. Во неговото издание од 1832 година на „Богородичната црква во Париз“, Виктор Иго рекол „Ако е можно, да бидеме инспирирани од нацијата, љубов за националната архитектура“, што подразбира дека готиката била француско национално наследство. Во Германија, со завршувањето на „Келнската катедрала“ во 1880-тите, највисоката градба во тоа време, катедралата била симбол за важноста на готската архитектура. Други поголеми завршувања на готски катедрали биле оние на „Регенсбуршката катедрала“ (со дупли куполи во 1869-1872), „Улмската катедрала“ (со кула висока 161 метар во 1890 година) и катедралата „Св. Витус“ (1844-1929). Во Фиренца, сегашната фасада на катедралата која била подигната за свадбите на благородните семејства „Медичи“ и „Лорејн“ во 1588-1589 година, била разрушена и западниот дел на катедралата повторно останал празен до 1864 година, кога бил одржан натпревар за дизајнирање на нова фасада која што одговара на структурата на Арнолфо ди Камбио и на камбанаријата до неа. На натпреварот победил Емилио Де Фабрис и работата на неговиот многубоен дизајн и мозаик со дрвени плочи, започнала во 1876 година, а завршила во 1887 година со создавање на фасада во Неоготски стил. Во Индонезија, во 1891 година, започнала изградбата на двете кули близначки на катедралата „Џакарта“ која била завршена во 1901 година од страна на холандскиот архитект Антониус Диџкманс.

Готиката како морална сила

Пуџин и „вистината“ во архитектурата