Андон Дончевски — поранешен југословенски фудбалер и поранешен југословенски и македонски фудбалски тренер.
Животопис
Професионална кариера Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961 година го совоил Титовиот Куп на поранешна Југославија.1961 „Македонска недела на мрежното место на УЕФА“, Време, 10.8.2004. Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд.„Димитровски рекордер по настапите, Дончевски по постигнатите голови“, Утрински весник, 16 октомври 2006. Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.Историја полна со трофеи, ѕвезди, големи победи..., Време, 14.11.2007.
Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“,1998 Victorian Premier League - 1998 Season Results клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија. Селектор на репрезентацијата на Македонија Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски.„Селектори на Македонската фудбалска репрезентација“, Фудбалска федерација на Македонија Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0.„Кој и зошто ги менуваше селекторите?“, Утрински весник, 9 април 2009.„Дончевски: Круна за целосната посветеност на спортот“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
Награди и признанија Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така, и Тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“.„Ново признание за Андон Дончевски“, Утрински весник, 28 февруари 2009. Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.
Наводи
Категорија:Фудбалери од Кавадарци Категорија:Фудбалски тренери од Кавадарци Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалски тренери