Искра било политичко-општествено и литературно списание. Се печатело во Солун од 1 декември 1911 до 15 септември 1912 година.Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 244-245. Излегувало двапати месечно (освен јули и август). Го уредувале: Георги Баждаров (одговорен уредник и сопственик), Борис Мончев, Кирил Прличев, Атанас Разбојников и Симеонов. Било печатено во печатницата на Коне Самарџиев. Има богата содржина од написи за внатрешнополитички прашања, актуелна хроника, литературни прилози, рецензии, библиографија и др. Објавени се вкупно 15 броја. Се залагало за зголемување на самоуправните права на општините, казите и вилаетите.Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 56.

Наводи

Надворешни врски „Искра“, год. 1, кн. 3, 1 јануари 1912

Категорија:Бугарски списанија Категорија:Македонски списанија Категорија:Сојуз на бугарските конституциони клубови Категорија:Култура на Солун