Истибањска Клисура или Очипалско-истибањска Клисура — клисура во Македонија која се протега помеѓу Делчевска Котлина (од утоката на Овчеполска Река во Брегалница) кај с. Очипала, па сè до влезот во Кочанска Котлина, с. Истибања, помеѓу планините Голак од југ и Осоговските Планини од север, во должина од 39 км. Во овој дел Брегалница изградила повеќе меандри. Истибањската Клисура е епигентска. Првиот дел од клисурата е потопен со акумулацијата на Калиманци.

Поврзано Истибања Истибања (археоархеолошки наоѓалишта)

Наводи

Категорија:Клисури во Македонија Клисура