Руско-турската војна (1787–1792) претставува неуспешен обид на Османлиското Царство да си ги врати териториите кои ги загубила по Руско-турската војна од 1774 година од Руската Империја.
Во пролетта на 1787 година, Катерина Велика направила триумфална поворка во Крим заедно со светиот римски цар Јозеф II. Овие настани во Цариград биле прифатени како непочитување на Кучуккајнарџискиот договор, а британските и француските амбасадори дале поддршка на Османлиите.
Така во 1788 година, Османлиите објавиле војна на Русија а рускиот амбасадор во османлиската престолнина бил затворен. Сепак Османлиите не биле подготвени за војна, а од друга страна пак Австрија и Русија како сојузници биле пресилни за Османлиското Царство.
Во исто време започнала и Австриско-турската војна каде Османлиите го зазеле Банат. Во Молдавија, Петар Румјаницев им нанел пораз на Османлиите. Следувале порази кај Пчеков, Јеш и Хотин. Според некои извори, кога султанот Абдул Хамид I разбрал за воените порази, тој добил срцев удар и починал.
Војната завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор на 9 јануари 1792 година. Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер. цОсвен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.
Категорија:Судири во 1787 година Категорија:Конфликти во 1788 година Категорија:Судири во 1789 година Категорија:Судири во 1790 година Категорија:Судири во 1791 година Категорија:Судири во 1792 година Категорија:Европа во 1787 година Категорија:Европа во 1788 година Категорија:Европа во 1789 година Категорија:Европа во 1790 година Категорија:Европа во 1791 година Категорија:Европа во 1792 година Категорија:Руско-турски војни Категорија:Отоманското Царство во 18 век Категорија:Кримско ханство