Сегед или Сегедин (на унгарски: Szeged) — четвртиот најголем град во Унгарија, најголем град и регионален центар на Јужната голема котлина и административен центар на еден од 19-те окрузи на Унгарија, Чонград. Универзитетот на Сегед е еден од двата најпозната и најреномирани универзитети во Унгарија.
Население
Денеска градот има околу 169.678 жители. Еден е од ретките унгарски градови, каде што популацијата не се намалила, туку историски до ден денеска се зголемува.
Етнички групи
Население според народност: (попис од 2001 г.) Унгарци — 93,5 % Роми — 0,7 % Германци — 0,5 % Срби — 0,2 % Романци — 0,2 % Хрвати — 0,1 % Словаци — 0,1 % без одговор (непознато) — 4,7 %
Религија
Населениe според религија: (попис од 2001 г.)
римокатолици — 54,5 % калвинисти — 6,7 % лутеранци — 1,6 % гркокатолици — 0,6 % други (христијани) — 1,3 % други (нехристијани) — 0,4 % атеисти — 21,8 % без одговор (непознато) — 13,1 %
Стопанство
Сегед е еден од главните центри на индустријата за прехранбени производи во Унгарија, најмногу познат по неговите пиперки, Сегед гулашот, и различните видови на салами како пик саламата.
Главни знаменитости
Центарот на градот, Dóm tér („Катедралски плоштад“) со главната црква. 100pxЦрква на Франките (готски стил, 15 век)Водокулата100pxКулата Домотор (13 век)100pxМузејот Ференк МораПалатата Реок100pxСегед синагогата100pxГрадскиот хол во Сегед.100pxНационалниот театар на Сегед100pxГроф палатата (1913)100pxЦрквата МиноритМузеј на валутата
Географија thumb|200px|Сегед и реката Тиса.
Сегед е сместен во близина на јужната граница на Унгарија, во јужниот `дел на утоката на реката Марос, на двата брега на реката Тиса. Поради големиот ден на сончеви часови годишно, градот го има добиено прекарот Град на сонцето.
Наводи
Надворешни врски
Сегед (фотоалбум) Графски портал
Szeged.hu Szegedinfo.de „Фестивал на отворено“ Фестивал „Младо лето“ Локална радиостаница „Радио Плус“
Категорија:Градови во Унгарија