Александар Георгиев Чакаров, познат и како Сандре Чакаров ― македонски деец, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Животопис 160п|мини|лево|Родната куќа на Чакров во Струга и мајка му Агнија Чакрова

Чакаров е роден во 1869 година во градот Струга, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на локалниот првенец Георги Чакаров и е брат на Славко Чакарова. Дипломирал во Солунската егзархиска машка гимназија во Солун, а потоа работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Во 1894 година Чакаров бил еден од првите посветени во Македонската револуционерна организација и тоа во западна Македонија каде се издигнал како Охридски регионален раководител. За време на Илинденското востание е член на горското раководство на Охридскиот револуционерен реон. Бил уредник на весникот Автономија. По востанието заминал за Албанија, Црна Гора и Бугарија. До Хуриетот работи како учител во Ново Селци, Софиско, по што се враќа во Македонија.

Во своите спомените Милан Матов истакнува дека:

Наводи

Книжевност Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, с. 269. Кратка биография на Александар Чакаров Николов, Борис Й. “Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник”, С. 2001, с. 184

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Четврта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија