Иван Катарџиев (, - , ) — македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик. Од 1972 до 1978 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.НУБСК - Историја

Научно дело

Иван Катарџиев е истакнат научник со вонредно богат научен опус во областа на историските науки. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој е автор на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на 19 и од првата половина од 20 век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација.

Наводи

Надворешни врски

Краток запис за неговото потекло Интервју со Иван Катарџиев во „Форум“

Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Македонски историчари Категорија:Пиринска Македонија Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Југословенски историчари