Градиште — археолошко наоѓалиште т.е. утврдена населба од доцноантичкото време во тетовското село БеловиштеАлексова Б., 1959, 225. На северозападниот раб на селото се издига висок рид со стрмни падини што доминира над околниот терен. На врвот има остатоци од тврдина со кули и подградие.Според начинот на ѕидањето на бедемот, најнапред била заштитена северната страна, а подоцна јужната. Тврдината има неправилна триаголна основа со димензии од 120 м во правецот север-југ 50 м во правецот исток-запад. Во подградието се распознаваат темели од објекти, а во цитаделата има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, а биле најдени монети од IV и V век.
Поврзано Наоѓалиште „Поле“
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Јегуновце Категорија:Беловиште (Тетовско) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време Категорија:Археолошки наоѓалишта во Тетовско