Петруш Поплазаров — македонски револуционер, комита и радовишки околиски војвода на Македонската Револуционерна Организација.
Петруш Поплазаров е дедо на познатата македонска оперска пејачка Милка Ефтимова, нејзината мајка Катерина е ќерка на војводата.. Петруш Поплазаров е прадедо на македонскиот пејач на забавни и народни песни и првиот победник на фолк фест Валандово Кирчо Поплазаров.
Животопис Петруш Поплазаров е роден во град Радовиш, тогаш во Османлиското Царство. Се приклучува кон ВМОРО, а во мај 1898 година бил уапсен од турските власти. По излегувањето од затворот поминал во илегалност и станал четник кај Велко Миков меѓу 1901-1902 година. Подоцна бил придружник на Гоце Делчев при неговото обиколување во Петричко. После тоа бил назначен за самостоен радовишки војвода со задача да ги организира тајните канали во околијата.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 135..
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Радовиш Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание