300п|мини|десно|Карта на Бискајскиот Залив
Бискајскиот Залив (шпан. Golfo de Vizcaya; фр. Golfe de Gascogne; баск. Bizkaiko golkoa; гаск. Golf de Gasconha), наречен и Кантабриско Море — залив во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, јужно од Келтското Море. Се протега од западното крајбрежје на Франција, од Брест) до шпанската граница, и северното крајбрежје на Шпанија, сè до полуостровот Естака де Барес. Заливот го носи името на покраината Бискаја во Баскија (Шпанија).
Просечната длабочина на заливот изнесува 1.744 м, а максималната изнесува 2.789 м.
Географија мини|десно|Плажата во Бијариц 300px|мини|десно|Батиметриска карта на Келтското Море и Бискајскиот Залив.
Во заливот длабоко навлегува континенталната плоча, па затоа на многу места водата е релативно плитка. Малата длабочина значи дека морето често е бурно, па поради ова локалните временски услови се меѓу најжестоките во Атлантикот. Зимата се одликува со особено силни бури. Сè до скоро, бродоломите биле вообичаена појава, и тоа со голем број настрадани. Во поново време жртвите се намалени благодарение на напредокот во бродоградбата и метеорологија.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација, Бискајскиот Залив го граничи „линија од ‘ртот Ортегал () до ‘ртот Панмар ()“.
Реки Најважните реки што се влеваат во Бискајскиот Залив се: Франција (север-југ): Лоара, Шаранта, Гарона, Дордоња, Адур и Нивела. Шпанија (исток-запад): Бидасоа, Ојарзун, Урумеја, Орија, Урола, Деба, Артибаи, Ока, Нервион, Агуера, Асон, Мјера, Пас, Саха, Нанса, Дева, Налон, Навија, Ео, Ландро и Сор.
Поважни градови
Најважни градови на крајбрежјето на Бискајскиот Залив се: Франција: Брест, Нант, Ла Рошел, Бордо и Бајона. Шпанија: Сан Себастијан, Билбао, Сантандер, Хихон и Авилес.
Поврзано Бискаја Баскија
Наводи
Категорија:Заливи во Франција Категорија:Заливи во Шпанија Категорија:Заливи во Атлантскиот Океан Категорија:Заливи