300px|мини|Седииштето на INSEE во Монруж INSEE ( = „Државен институт за статистика и економско истражување“) е државна установа во Франција задолжена за статистика и проучување на економската состојба. Собира, анализира и објавува податоци за француската економија, општеството и организира повремени пописи. Установата е сместена во Париз и претставува француски огранок на европскиот статистички систем Eurostat. INSEE е основан во 1946 г. како наследник на Државата статистичка служба (SNS) формирана од Вишиевците за време на II светска војна.
Задачи INSEE е задолжен за прибирање и анализа на статистички податоци во земјата. Најважни должности се: Организирање и објавување на пописи Подготовка на разни индекси (високопочитувани заради нивниот извонреден квалитет) како индекс на инфлација за определување на наемнините и градежните трошоци. Eurostat ги користи статистиките на INSEE заедно со соние на други државни служби за составување на статистички прегледи на ЕУ во целина.
Организација INSEE е во ресорот на Министерството за економија. Моменталниот директор е Жан-Филип Коти. Меѓутоа, Eurostat го смета INSEE за независен орган, макар што независноста не е пропишана со закон.ACDC2007.free.fr - Извештај на Eurostat
Образовна и истражна дејност Истражната и образовната дејност на INSEE ја врши GENES (Groupe des Écoles Nationales d'Économie et Statistique) во која спаѓаат: ENSAE (L'École nationale de la statistique et de l'administration économique) - школа за државни службеници и техничари на INSEE од областа на статистиката, економијата и финансовото работење. ENSAI, (L'École nationale de la statistique et de l'analyse de l'information) - школа за техничари.
Кодови и систем INSEE назначува бројчено индексирани кодови на разни единици, правни и физички лица во Франција: INSEE-кодови (COG) кои се доделуваат на разни административни единици, особено на општините (кои се различни од поштенските броеви). Целосниот код има 8 бројки и 3 празни места, но напати се користи упростен код со 5 бројки без празни места: 2 бројки (департман) и 3 бројки (општина) за 96-те департмани во континентална европска Франција. 3 бројки (департман или заедница) и 2 бројки (општина) за прекуморските департмани, прекуморските заедници и прекуморските земји и територии. INSEE-броеви (13 бројки + назнака од 2 бројки) - единствен матичен број за жителите ([физичко лице|физички лица]). Форматот е следниов: пггммлллллррр кк, where п - пол: 1 = машки, 2 = женски (за постојан број) или 7 = машки, 8 = женски (за привремен број), гг - последните две бројки од годината на раѓање, мм месец на раѓање. Ако месецот е непознат, се доделува бројка поголема од 20, ллллл - место (локација) на раѓање ррр - број на редослед, за разликување на лица родени во исто место, во ист месец и година. 'кк' е „контролен клуч“ - назнаката еднаква на 97 (остатокот од бројот по модул 97).Тука постојат исклучоци за лица во извесни ситуации.DSI.CNRS.fr SIREN се кодови за правни лица (фирми и непрофитни здруженија), а SIRET се кодови за нивните места на дејност.SIRENE.tm.fr - База на SIRENE
Поврзано Данок на додадена вредност
Наводи
Надворешни врски Страница на заводот
Категорија:Државни статистички заводи Категорија:Демографија на Франција Категорија:Економија на Франција