Билјана Беличанец-Алексиќ ( во Скопје — во ) — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.
Животопис
Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година, таа дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно играла главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други установи и проекти. Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.
Смрт На 6 април 2019 година, таа била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата, се работело за самоубиство.
Филмографија Година Филм Улога 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија 1994 Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1997-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија 1998 Денес, утре ТВ-филм Жената 2000 Мајка Тереза ТВ-филм 2000 Погрешно време ТВ-серија Верче 2007 Сенки ТВ-филм 2010 Мајки ТВ-филм Продавачка 2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Цветанка
Наводи
Надворешни врски Интервју со Беличанец - Алексиќ за ТЕА Модерна Гостување во емисијата „Јади Бурек“
Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Градоначалници на Општина Кисела Вода Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Самоубијци Категорија:Глумци-политичари