Игнатиј III — православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1693 до 1695 и од 1703 до 1703 година.

Бил избран на 13 август 1693 година, детрониран на 9 јули 1695 година. Поранешен бератски митрополит. По втор пат се качил на престолот не подоцна од август 1703 година, кога испратил писмо до цариградскиот патријарх против претензиите на патријаршиските митрополити. Во 1706 година веќе бил поранашен архиепископ. Се покажал алчен за пари, почнал да сменува епархиски архиереи (пелагонискиот и дебарскиот), а нивните епархии ги продал на световни лица. Против него станал поранешниот архиепископ Герман. На соборот свикан во 1695 година за архиепископ бил избран Зосим II.

Наводи

Категорија:Архиепископи од 17 век Категорија:Архиепископи од 18 век Категорија:Православни епископи од 17 век Категорија:Православни епископи од 18 век Категорија:Охридски архиепископи