Свети Кузман и Дамјан (позната и како Свети Врачи) — главна селска црква во тетовското село Једоарце, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој поминува низ селото за другите села (Отуње и Сетоле). Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Градена е на постари темели, додека денешниот објект е од 1922 година.

Главниот патрон се празнува на 14 ноември на денот на Светите Кузман и Дамјан.

Настани од 2001

За време на конфликтот од 2001 година црквата била цел на повеќе вандалски оштетувања. Најмногу, во повеќе наврати страдал внатрешниот дел. Била палена влезната врата на црквата, а во внатрешноста биле уништени иконостасот, олтарот, иконите, фреските, шанданите, крстовите и други предмети, а била расфрлана и црковната документација.

Во кругот на црковниот двор биле оскрнавени неколку надгробни споменици.

Архитектура Фрескоживопис

мини|200п|десно|Око на Провидението, детаљ од царските двери на црквата

Црквата поседува фрескоживопис. Истиот бил предмет на оштетувања во конфликтот од 2001 година, па така фреската „Св. Никола“ била значително оштетена со тврд предмет.

Икони и иконостас

Црквата поседува иконостас.

Истиот исто така бил подложен на оштетувања во текот на конфликтот од 2001 година. Иконата „Тајната вечера“ била целосно уништена, додека целиот иконостас бил скоро целосно урнат. Царските двери биле скршени и расфрлани по црквата. Биле уништени дел од иконите во иконостасот.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Втора тетовска парохија Једоарце

Наводи

Надворешни врски

Оштетувања на црквата „Св. Кузман и Дамјан" во Једоарце - детален извештај Селото без кучиња го прослави Крстовден во осквернавена црква Једоарчани и џепчиштани четири века на заедничка трпеза

Једоарце Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија