Галапагос (официјално име: Archipiélago de Colón; други шпански имиња: Islas de Colón или Islas Galápagos) — архипелаг од вулкански острови во Тихиот Океан, распространети околу екваторот и оддалечени 972 км. западно од Еквадор, на кого и му припаѓаат. Најпозната одлика на архипелагот е неговата флора и фауна.

Галапагос заедно со водата која го опкружува образува: покраина Галапагос, национален парк Галапагос и морски биолошки резерват Галапагос. Островите бројат 23.000 жители, а основен јазик е шпанскиот.

Геолошки гледано островите се млади, а прочуени се поради огромниот број на ендемски видови проучувани од страна на Чарлс Дарвин за време на пловидбата на бродот „Бигл“. Неговите забелешки и збирки придонеле за раѓањето на Дарвиновата теорија за еволуција по пат на природен избор.

Првата поморска навигациска мапа на островите беше направена од пиратот Емброуз Каули (Ambrose Cowley) во 1684 г. Тој ги именувал островите според имињата на некои од неговите пирати или според имињата на англиските благородници кои му помогнале. Во поново време, еквадорската влада на островите им дава шпански имиња. Иако овие имиња се официјални, многумина (особено еколошките истражувачи) и понатаму ги користат старите англиски имиња, најмногу поради тоа што тоа се имињата кои ги користел Чарлс Дарвин при неговата посета на островите.

Географија thumb|Ортографска проекција насочена кон Галапагос. thumb|Сателитска снимка од Галапагос заедно со имињата на видливите големи острови. thumb|Островот Изабела гледан од сателит. thumb|Галапагоски албатрос на островот Еспањола. thumb|Галапагоска водна игуана. thumb|Главната улица на островот Сан Кристобал. thumb|Анимирана прошетка низ Галапагос. thumb|Океанографот на НАСА д-р Џин Карл Фелдман (Dr. Gene Carl Feldman) дава осврт на неговата уникатна перспектива на овој регион.

Островите се наоѓаат на источниот дел од Тихиот Океан, на 973 км. оддалеченост од западниот брег на Јужна Америка. Најблиско копно со голема површина е Еквадор (државата на која му припаѓаат) на исток, на север најблиску се наоѓа Кокосовиот остров на оддалеченост од 720 км, а на југ Велигденскиот Остров и островот Сан Феликс оддалечени 3.200 км.

Координатите на архипелагот се 1°40'СГШ–1°36'ЈГШ, 89°16'ИГД–92°01'ЗГД. Распространети околу екваторот, островите ги опфаќаат и северната и јужната полутопка, а вулканите Волф и Еквадор на островот Изабела се сместени точно на екваторот. Најјужниот остров Еспањола и најсеверниот остров Дарвин се на меѓусебна разделеченост од 220 км. Но, Меѓународната хидрографска организација (МХО) го смета архипелагот во целост како дел од јужниот дел на Тихиот Океан. Вкупно, архипелагот зафаќа копнена површина распространета на водена површина. Најголемиот остров Изабела зафаќа површина од што претставува половина од вкупната површина на Галапагос. Највисока точка е вулканот Волф кој се наоѓа на надморска височина од 1.707 m.

Има вкупно 15 големи, 3 мали острови и 107 карпи и островчиња. Островите се наоѓаат на т.н. Галапагос тројна крстосница, место каде се вкрстуваат три тектонски плочи. Исто така се наоѓа врз т.н. Галапагос жариште, место каде качулка составена од врели камења која се наоѓа во слојот околу течното Земјино јадро се издигнува низ слојот и ја топи Земјината кора создавајќи вулкани. Се претпоставува дека најстариот остров се формирал пред 5 до 10 милиони години. Најмладите острови, Фернандина и Изабела сè уште се во образба, а последната вулканска ерупција е забележана во април 2009 г. кога лава од вулканскиот остров Фернандина започна да тече и кон крајбрежјето на островот, но и кон централната калдера (голема дупка, слична на кратер, но со многу поголеми димензии, која се создава при рушење на вулканската купа за време на вулканска ерупција.

Поголеми острови 18-те острови (со површина над ) од архипелагот прикажани по азбучен ред:

Балтра (Јужен Симор) (Baltra (South Seymour)) — мал остров сместен во близина на центарот на Галапагос создаден со геолошко издигнување на земјиштето. Се работи за остров со сува клима и вегетација составена од т.н. солени грмушки (atriplex), бодликави кактуси итн. свети дрвја (palo santo).

До 1986 г. аеродромот Балтра беше единствениот аеродром на Галапагос, но сега има два кои опслужуваат летови од континентот. Другиот се наоѓа на островот Сан Кристобал, но приватните авиони мора да слетуваат на аеродромот во Балтра затоа што само тој го има неопходните простории за авионите да можат да останат преку ноќ.

Веднаш по пристигнувањето во Балтра сите посетители со автобус се пренесуваат до едно од двете пристаништа. Првото се наоѓа во мал залив каде бродовите кои го крстарат Галапагос чекаат патници. Второто пристаниште го поврзува Балтра со Санта Крус.

Во текот на 1940-тите години научници како дел од експеримент решија да преместат 70 од копнените игуани на соседниот остров Северен Симор. Овој потег имаше неочекувани последици за време на окупацијата на Балтра во текот на Втората светска војна. Месните копнени игуани изумреа. Во текот на 1980-тите години копнени игуани од Северен Симор беа однесени во Научно-истражувачката станица Чарлс Дарвин како дел од проектот за размножување и ренаселување и како резултат на тоа во 1990-тите години копнените игуани повторно станаа дел од Балтра. До 1997 г. научниците имаат изброено 97 игуани кои живеат во Балтра од кои 13 се родени на островот.

Во 2007 г и 2008 г. аеродромот во Балтра беше реновиран и сега вклучува и ресторани, продавници и подобрена зона за посетители.

Вартоломеј (Бартоломју) (Bartolomé (Bartholomew)) — вулканско островче на многу мало растојание од источниот брег на островот Сантјаго. Тој е еден од помладите острови во архипелагот Галапагос. Вартоломеј и соседниот остров Сантјаго (Џејмс), како и заливот Саливан на овој остров, ги добиле имињата според доживотниот пријател на Чарлс Дарвин, Бартоломју Џејмс Саливан (Sir Bartholomew James Sulivan), капетан на бродот „Бигл“ (HMS Beagle).Grant, K. Thalia and Estes, Gregory B. 2009. Darwin in Galapagos: Footsteps to a New World. Princeton: Princeton University Press. Овој е еден од малкуте острови кои се дом на галапагоСкиот пингвин кој е единствениот вид на див пингвин по должината на екваторот. Зелената желка е уште едно животно кое живее на островот. Волф (Венман) (Wolf (Wenman)) — остров чие име го доби според германскиот геолог Теодор Волф (Theodor Wolf). Неговата површина изнесува и има максимална височина од 253 m. На овој остров можат да се видат: крзнени фоки, разни видови на тропски морски птици, водни игуани, ајкули, китови, делфини и галапагоскиот галеб. Најпознатиот жител на островот е вампирската сипка која делумно се храни со крв исклукана од други птици и ја има само на овој остров. Хеновеса (Кула) (Genovesa (Tower)) — остров чие име потекнува од Џенова, Италија, град за кој се верува дека е местото на раѓање на Колумбо. Неговата површина е и има најголема височина од 76 m. Овој остров се формирал како остаток од голем кратер кој потонал. Го нарекуваат "птичјиот остров" што дефинитивно не е неоправдано. Во заливот Дарвин можат да се видат фрегати и галапагоски галеби кои се единствените ноќни видови на галеб во светот. Исто така има и: рибарки, разни тропски птици, лебеди, ветрушки и дарвинови сипки. "Чекорите на принц Филип" е место каде овие птици може да се набљудуваат. На островот се наоѓа и голема шума со "свети дрвја". Дарвин (Кулпепер) (Darwin (Culpepper)) — остров кој името го доби според Чарлс Дарвин. Зафаќа површина од и најголема височина од 168 m. Тука може да се видат: крзнени фоки, разни видови на тропски морски птици, галапагоски галеби, водни игуани, морски лавови, китови и водни желки. Еспањола (Худ) (Española (Hood)) — остров кој името го добил во чест на Шпанија. Познат е и како Худ, според виконтот Самуел Худ. Зафаќа површина од и најголема височина во износ од 206 m.

Еспањола е најстариот (3.5 милиони години), а воедно и најјужниот остров. Поради неговата специфична положба на овој остров има голем број на ендемски видови. Овој остров има свои посебни автентични видови на: дроздови, тропидурус (lava lizard) (вид на гуштер) и желки. За време на сезоната на парење водните игуани на Еспањола добиваат карактеристична црвена боја на кожата. Еспањола е единственото место каде галапагоскиот албатрос снесува јајца. Некои птици се обиделе да се размножуваат на островот Хеновеса, но неуспешно. Стрмните гребени на Еспањола служат како совршена писта за полетување за овие птици кога летаат до местата во океанот каде се хранат во близина на Еквадор и Перу.

Еспањола има две места за посетители. Заливот Гарднер е место за пливање и нуркање, а има и убава плажа. Пунта Суарез има мигриран, месен и ендемски животински свет: светло обоени водни игуани, тропидуруси, галапагоски дроздови, галапагоски галеби, разни видови на тропски птици, галапагоскиот сокол, три видови на Дарвиновите сипки и албатросот.

Изабела (Албемари) (Isabela (Albemarle)) — остров кој го доби името во чест на кралицата Изабела. Тој е најголемиот остров во Галапагос со површина од и највисока точка од 1.707 m. Неговиот облик налик на морско коњче е резултат на спојувањето на 6 големи вулкани во едно парче земја. На овој остров има: галапагоски пингвини, корморани кои не може да летаат, водни игуани, пеликани и Сели Лајтфут морски ракови (Sally Lightfoot crabs). На рабовите и во калдерите на вулканите на островот може да се набљудуваат копнени игуани, галапагоски желки, како и дарвинови сипки, галапагоски соколи, галапагоски лебеди и многу интересен растителен свет. Пуерто Виљамил (Puerto Villamil) кој е третата по големина населба на архипелагот се наоѓа на југоисточниот крај на островот и е единствениот остров низ кој директно поминува линијата на екваторот. Исто така е и единственото место во светот каде може да се види пингвин во својата природна средина на северната полутопка. Марчена (Биндло) (Marchena (Bindloe)) — остров именуван по Фреј Антонио Марчена (Frey Antonio Marchena), има површина од и највисока точка од 343 м. Овој остров го населуваат галапагоски соколи и морски лавови, а е и дом на ендемско животно, тоа е марченскиот лава гуштер (тропидурус).

Пинсон (Данкан) (Pinzón (Duncan)) — остров кој своето име го добил според браќата Пинсон кои биле капетани на каравелите Пинта и Ниња. Има површина од и највисока точка од 458 m. Пинта (Абингдон) (Pinta (Abingdon)) — остров именуван според каравелата Пинта. Зафаќа површина од и максимална височина од 777 m. Тука може да се видат: морски лавови, галапагоски соколи, гигантски желки, водни игуани и делфини. Островот беше дом на последната пинта желка која ја викаат Осамен Џорџ. Тој повеќе не живее на островот, туку беше пренесен во научно-истражувачката станица Чарлс Дарвин на островот Санта Крус каде научници се обидуваат да го размножат. Рабида (Џервис) (Rábida (Jervis)) — остров кој го носи името на манастирот Рабида каде Кристофер Колумбо го оставил својот син на пат кон Америките. Зафаќа површина од и најголема височина од 367 m. Рабида има карактеристична црвена боја поради големото количество на железо кое го содржи лавата на овој остров. Во лагуна близу до плажата живеат бело-образести диви патки, а на истото место свои гнезда имаат направено кафеави пеликани и сули. До неодамна имаше и фламинга во лагуната, но тие се преселија на други острови, најверојатно поради недостатокот на храна на Рабида. На овој остров се забележани и 9 видови на сипки.