Геле Апостолов Плачков, познат како Геле Трсијански или Гелев () — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода на Македонската револуционерна организацијамеѓутоа со засилувањето на грчката вооружена пропаганда преминал на страната на грчката чета и почнал да ја раководи една од првите локални вооружени грчки чети во Македонија, учествувајќи во Борбата за Македонија.
Биографиja дeсно|мини|250п|Средбата меѓу Геле и Германос Каравангелис Геле Трсијански е роден во леринското село Трсје, тогаш во Османлиското Царство, денес Тривуно, Грција.
Станал учител во родното место Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 30., по засилувањето на македонското револуционерно ослободително движење станува член на Македонската револуционерна организација, а како близок со Васил Чекаларов и Коте Христов учествува во нивните преговори за помирување Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 73. Од 1902 година станува реонски војвода на Македонската револуционерна организација.
По неговиот раздор со Васил Чекаларов, остварил средба со пионирот на грчката вооружена пропаганда во Македонија, костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис. За оваа средба самиот митрополитот истакнал:
Германос Каравангелис успеал да го придобие на страната на грчката кауза. Потпишал декларација до Елиномакедонскиот комитет, потпечатувајќи ја со својот војводски печат.
Во јули 1902 година, Геле десјтвувал со четата на Коте Христов, но бил уапсен на 13 јули 1903 година во Кономлади од чета на Македонската револуционерна организација. При претересот кај него било најдено поголемо количесто на пари, а бил прунудуван да го ликвидира Коте Христов за кого Македонската револуционерна организација донела смртна прсуда.
Меѓутоа Геле успеал да избега и се засолнил во четата на Коте, по што тие двајца имале неколку борби со четите на Организацијата Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 104-106, 113-116.
Во 1903 година Геле почнал да го обиколува реонот на Арменско, гонејќи ги егзархистите и дејците на Македонската револуционерна организација. Тој бил убиеб во март 1903 година заедно со својата жена од страна на леринскиот војвода Петар Тинев, кој се преправал дека се одметнал од четата на Васил Чакаларов Бурилкова, Ива, Билярски, Цочо, „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 212-213.
Извори
Трсијански Геле Категорија:Гркомани