Исмаилова Црква — археолошко наоѓалиште во струшкото село Вевчани. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на југозападниот раб на селото, на простор од 200 × 250 м, од обете страни на патот за селата Долна Белица и Велешта. Денес, на местото се наоѓаат ниви, каде што се откриени темели од објекти, а на длабочина од околу 80 см откриен е и мозаик и повеќе гробови. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и големо количество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Вевчани; Бели Брег — населба од доцноантичко време; Бојкоска Браненица — населба од доцноантичко време; Плешец — населба од неолитско и железно време.

Наводи

Категорија:Вевчани