Градиште познато и како Горнобањичко Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Бањица. Претставува утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото на местото каде се издига доминантен рид сместен на јужната периферија на Горни Полог, западно над стариот пат за Кичево. На зарамнетото плато, чија површина изнесува 120 × 120 м, се гледа траса од бедем граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и други предмети со различна временска припадност.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Во 2025 година започнале ископи на локалитетот.

Поврзано мини|Откриена монета на Александар Македонски во Градиште (Горна Бањица, Гостивар) за време на археолошките истражувања на проф.Виктор Лилчиќ Адамсен од Универзитет Св.Кирил и Методиј, СкопјеВрбјанско Маало — некропола од средновековието;

Наводи

Категорија:Горна Бањица