Назим Буши (албански: Nazim Bushi) е поранешен член на ОНА. Работел како член на обезбедувањето на ПДП, а бил и водник од прва класа во армијата на Македонија. Подоцна работел во касарната Петровец на радарската служба. Веднаш потоа бил отпуштен бил поради сомневања за антидржавна дејност, по што управата за безбедност и контраразузнавање го привела и го испрашувала. Откако бил пуштен од притвор, Буши заминал во кумановски Никуштак каде се приклучил на ОНА.

Во текот на конфликтот во Македонија бил командант на ОНА во 114 регионална бригада (Кумановскиот регион).

По крајот на конфликтот се приклучил кон партијата на Али Ахмети, ДУИ. ДУИ го предложил за заменик-директор на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање. Откако министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски - Џанго го одбил овој предлог, ДУИ жестоко реагирал, барајќи оставка на министерот.

Во текот на 2005 година бил приведен, но по неколку часа пуштен на слобода.

Наводи

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Членови на ОНА Категорија:Живи луѓе