должина 12-15 м тежина 15-35 т живеалиште умерени и супполарни крајбрежни води распространетост северен Тихи Океан, Берингово Море, Арктик Сив кит (Eschrichtius robustus) е вид на кит, кој за разлика од другите китови усани (со рожни плочки во устата), тој се храни на морското дно, процедувајќи ги животните од седиментите. Тој има сива боја на телото со бели шари, а главата му е тесна со жолтеникави реси во должина од 40 см. Често на неговото тело има корки од варовник и китови вошки. Иако сивите китови се задржуваат блиску до брегот, нивните селења се рекорд. На западниот брег на Северна Америка во големи групи се селат меѓу Беринговото Море и полуостровот Долна Калифорнија во Мексико, а тоа е кружно патување од 20,000 км. За жал, поради својата навика за задржување покрај брегот, тие се лесен плен за китоловците. До средината на 20 век тие беа речиси истребени, но законот за заштита овозможи зголемување на нивниот број.

Наводи

Надворешни врски

US National Marine Fisheries Service Gray Whale web page

Arkive - images & video of gray whale World Wide Fund for Nature (WWF) - species profile for gray whale American Cetacean Society - information on gray whale

Категорија:Беззаби китови