Стевче Алушовски — поранешен македонски ракометар, и член на Македонската ракометна репрезентација, актуелен тренер на РК Еурофарм Пелистер. Играл на позицијата лево крило. Роден е на година, во , Австралија, но набргу на рани години со семејството се враќа во Битола, од каде што потекнува неговото семејство. Во Битола ги завршува основното, средното и високото образование„Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 г. стр.12.
Играчка кариера Својата ракометна кариера ја започнува во Битола, каде што уште во детството ги прави првите чекори во ракометот во младинската школа на РК Пелистер. На 17 годишна возраст во сезоната 1990/91, станува член на првата екипа на РК Пелистер од Битола. Во текот на својата кариера играл за РК Пелистер, РК Преспа Јафа Промет од Ресен, РК Вардар од Скопје, а од 2010 преминал во РК Металург. Својата кариера најмногу ја поминал во РК Пелистер (10 сезони) и РК Вардар (9 сезони).
Во неговите професионални успеси се вбројуваат освоени единаесет првенства на Македонија и осум купови на Македонија. Во 2004 година е прогласен за најдобар ракометар на Македонија. Во својата спортска кариера има три настапи во Младинската репрезентација на Југославија. За Македонската ракометна репрезентација одиграл 243 натпревари со 352 постигнати голови голови.
За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари и учествувал на повеќе Европски и Светски првенства. Најзапметени ќе останат неговите решавачки голови и асистенции на Светското првенство во Хрватска во 2009, на натпреварите против Полска и Русија, по кои Македонија се пласира во втората фаза.
Тренерска кариера По завршувањето на својата богата играчка кариера Стевче Алушевски, останал во ракометот каде продолжил да се занимава како тренер и главен менаџер на битолските ракометни екипи: РК Пелистер, каде поради разидување со раководството и покрај извонредната есенска полусезона во 2018/2019 каде под негово водство, Пелистер го завршил првиот дел од сезоната на водачката позиција на табелата со само еден пораз на стартот и фантастична серија од 11 победи по ред, по што на почетокот на 2019 бил назначен за тренер на РК Еурофарм Работник.
Во август 2021 година Алушевски се преселил на Исланд, и станал тренер на ракометниот клуб Тор Акурејри. По завршувањето на сезоната 2021–22, тој го обновил договорот со клубот на уште три години.Алушовски: Ова е убав предизвик, ми се допадна проектот на Тор gol.mk; 9 мај 2022. Наредните години го водел ГРК Охрид. Од почеокот на 2026 тој е тренер на РК Еурофарм Пелистер.
Наводи
Категорија:Австралиски ракометари Категорија:Ракометари од Битола Категорија:Ракометари на РК Пелистер Категорија:Ракометари на РК Металург Категорија:Ракометари на РК Вардар Категорија:Ракометари на РК Преспа Категорија:Тренери на РК Еурофарм Пелистер Категорија:Ракометни тренери од Битола