Алакати — археолошко наоѓалиште во дебарското село Кривци. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км јужно од селото, на десниот брег на поројната река Алакат, на десната страна на селскиот пат, каде во приватна нива, која е на блага падина, се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Ограѓе — некропола од римско време и средновековна црква; Опре — средновековна некропола;
Наводи
Категорија:Кривци