Долни Раброец — археолошко наоѓалиште во дебарското село Рајчица. Претставува средновековнацрква и некропола. Се наоѓа јужно од селото, на 500 м кон езерото, каде се пронајдени остатоци од објект граден од кршен камен и варов малтер, од кој темелите на северниот периметрален ѕид се забележуваат повпечатливо. Од источната страна на објектот се гледаат и камени плочи од гробни конструкции. Во соседна приватна нива се најдени гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Рајчица; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Рајчица