Алмир Капланоски (, ) — македонски поет, сликар и вајар. Животопис
Капланоски е роден во Дебар во 1983 година, но тој е од Отишани, од каде биле и неговите родители. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек вајарство. Свои дела изложувал на самостојни и групни исложби, во повеќе градови во Македонија, Албанија и во Италија, каде што е член на друштвото на уметници МАРЕЧИО и каде што негова слика лани била на наддавање. Учесник е и на повеќе рецитали во МКЦ, Точка, КИЦ и во Мала станица. Во 2008 година, тој ја промовирал својата стихозбирка „Алмира“. Наводи
Категорија:Луѓе од Отишани Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски вајари Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје