Икитос () е град во Перу и најголем град во перуанската Амазонија со население од 370,962 жители. Икитос е главен град на регионот Лорето и покраината Мајнас.

Икитос се наоѓа на реката Амазон и е на надморска височина од 106 метри. Во близина на градот се наоѓаат утоките на реките Укајали и Марањон, двете главни притоки на Амазон во Перу. Долг период, Икитос било главно пристаниште во регионот, бидејќи е опколен од три реки. До Икитос може да се стигне со брод или авион, но исто така има пат до Наута, мал град кој е оддалечен од Икитос околу 100 километри. Трговски бродови со товар од 3.000 или 9.000 тониAmazon uk.encarta.msn.com. Retrieved 1 October 2006. 31 Oct. 2009. and можат да стигнат до градот од Атлантскиот Океан преку реката Амазон. Главни сообраќајни средства во градот се автобусите, мотоциклите, автомобилите и мали бродови. Градот има топла и влажна клима.

Збратимени градови Манаус, Бразил Летисија, Колумбија

Значајни личности од Икитос Сезар де Араухо, писател и сликар (1910–1970).

Наводи

Поврзано Перу Градови во Перу Покраина Мајнас Регион Лорето

Надворешни врски Покраински општини во Мајнас Истражен институт на Перуански Амазон Национален универзитет на перуански Амазон ikitos.com -виртуелна заедница Икитос Статија на New York Times: Евреите во Икитос The Iquitos Times

Икитос Категорија:Населени места основани во 1764 година